Декември

06. XII.1942 год. – кај селото Папрадиште, Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов”, беше нападнат од бугарските окупаторски сили.
Во борбите загина Невена Георгиева - Дуња, која се бореше во првите борбени редови.
Окупаторската бугарска камарила наоѓајќи го нејзиното тело, ѕверски го измасакрира а нејзината глава ја наби на кол и така ја шеташе низ Велешките села за да се заплаши востанатиот македонскиот народ.
За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставија во еден централен излог. Невена Георгиева -Дуња е родена во Скопје на 25.VII.1925 год.
23.XII.1906 год. – на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, во борба против османлиската војска, загина Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО и еден од клучните револуционери на македонското национално дело.
Тој е и учител но и пропагатор на националната македонска кауза, тој е страдалник-заточеник но и војвода со пушка во раце и по планините и горите на Македонија. И како секој јунак кој не умира во постела, и тој умре пронижан од тиранскиот куршум
25.XII.1877 год. - во селото Мачуково,Гевгелиско е роден Сава Михајлов (Јосифово)–Савата, неуморен македонски револуционер, организатор и доследен борец на македонското народноослободително движење кон крајот на XIX и почеткот на XX век.
Непоколеблив борец против врховизмот и сплетките на Бугарите во револуционерното дело на Македонците. Тој е и соучесник во спроведувањето на познатата Мис Стонова афера. Учесник е во Илинденското востание и во безброј битки и вооружени акции против Османлиите, како еден од прекалените герилци на македонската револуција. Сепак загина при еден жесток судир со бројната османлиска војска на 01 март 1905 год.
|