11.I.347 год., роден е Теодосиј I, наречен уште и Теодосиј Велики, византиски (и римски) цар (император). Во негово време Македонија сеуште е дел од римското царство зашто владеејќи до 395 год., Теодосиј ќе биде последниот воопшто владетел на ова сеуште единствено царство.
05.I.911 год. во манастирот “Свети Наум”,на брегот на Охридското езеро,умре Наум Охридски познат како Свети Наум Охридски-Чудотворец, еден од најголемите основоположници на писменоста и просветата во Македонија.
16.I.1767 год. Охридскиот Архиепископ Арсениј, принуден дава оставка од должноста Архиепископ и оди на должност Митрополит на Пелагониската епархија но и таму по кратко време дава отказ од сите задолженија. Со овој датум се означува и крајот на Охридската архиепископија единствената македонска институција по која светот вистински знаеше за Македонија и Македонците и која имаше не мали територии под своја управа. Токму преку управата над вакви пространства до Молдавија, Сицилија и др. епархии од Трновската и Пеќката патријаршија под нејзина управа неколку века дури овие беа укинати, македонското име насекаде се рашири. Тогаш неколку века останаа само Цариградската и Охридската црква која израсна во ранг на Патријаршија со новите територии, единствените православни цркви.
Чинот на повлекување од Архиепископ на Арсениј, беше издејствуван по постојани кодошења и поткупи од страна на Грчкото високосвештенство кон Турските власти, а заради управа и над овие територии. Токму ова и допринесе за Грција подоцна толку да се рашири и води и политички војни освен духовните, и да добива туѓи територии и национални имиња.
29.I.1920 год. умре Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби. Тој е непроценлив и еден од најзначајните извори за македонската фолклористика.
01.I.1941 год. во Софија умре Петар поп Арсов, македонски револуционер и еден од основоположниците на Внатрешната македонска револуционерна организација и член на Централниот комитет.
Работеше активно во пропагандниот дел на македонското револуционерно дело уште од времето на Лозарите, каде се јавуваше со свои аналитички видувања против бугарските пропаганди во Македонија. Роден е во село Богомила во 1868 год.
30.I.1944 год. започна февруарскиот поход во кој учествуваа I и II македонска ударна бригада и група батаљони на НОВ на Македонија, испишувајќи славни страници на нашето народноослободително движење.
15.I.1945 год. во Скопје започна со работа дводневната Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Со посебни одлуки од оваа конференција се формирани првите ветеринарни станици, а со тоа се удрени и темелите на ветеринарната служба во првата слободна македонска држава по вековните ропства.
15/16.I.1945 год. ноќта 15/16 јануари се извршени двете масовни стрелања во Велес и Куманово под диригенство на ОЗН-а. Во голема тајност и без знаење на македонското пошироко и постаро раководство (Ченто, Брашнар, Влахов и др.) во Велес се егзекутирани 53 притвореници од затворот како и 48 од затворот во Куманово егзикутирани во истоимениот град. Масакрот е прогласен за “државна тајна” а ликвидираните за “народни непријатели”. Иако според повеќето имиња се знае дека и навистина од нив имало соработници со окупаторот па и злосторници кои на душа носат не малку невини Македонци, има повеќе мистерии. Ченто во своите автобиографски спомени кажува дека запрепастен за ова дознал од семејствата кои нагрнале кај него во кабинет заради што итно заминал во Белград. За главен мозок од Македонија тој го оптужува Колишевски кој во содејство со КОС и ОЗН-а е диригентот на оваа активност. Тито и самиот изненаден (?!) наредил по интервенцијата од Ченто, веднаш да престанат стрелањата.
28.I.1945 год. во Скопје е отворена првата детска градинка во Македонија. Во неа престојуваа деца од 4 до 7 – годишна возраст, им беше обезбедена храна и воспитување, додека нивните родители се на работа.
08.I.1951 год. во Софија умре Војдан поп Георгиев-Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар.
Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело.
Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Неговото најзначајно дело е драмата “Македонска крвава свадба” што ја напиша во 1900 год. Роден е во селото Сенци – Дебарско, на 15 јануари 1875 год.
08.I.1991 год. во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на Република Мкаедонија.
15.I.1992 год. Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со Г-нот Роберт Бадентер (Бадентерова комисија), поднесе извештај со којшто соопшти дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.