Клутови на мајката за време на Рим

Македонците во своето формирање како народ, поминале низ сите фази на цивилизацискиот развој. Кај нив од најраните мугри на цивилизацијата е доживеана фазата на матријахатот и тоа во својата најсилна и возвишена форма на почит и славење.


Толку е тоа силно што влијае и на околните народи, та има превземање на култот на мајката и нејзино славење со специфики подоцна забележани за тие народи. Но матриjахтот не е само некој далечен и исклучив период кој бесповратно исчезнал, зашто и по него,култот на мајката е присутен преку подигнати светилишта и многу подоцна.

Така на пример на манумисискиот натпис од светилиштето на МАЈКАТА на БОГОВИТЕ во Леукопетра (Извор) од 134 год. н.е (AncMac, III, 1977[1983] p.241) за потеклото на подигнувачите на светилиштето јасно стои националното обележје - “GENOS MAKEDONIKON” или дека се од МАКЕДОНСКИ РОД.

Ова значи дека и во II век од н.е и под Римјаните, нашите предци Македонци јасно ја изразувале својата национална посебност со ова македонски род, но и дека го негувале култот на мајката преку светилиштето во чест на мајката на боговите.

Интересно е што истовремено ја изразувале и својата јазична посебност со друг израз. На пример кај епитафот од двомесечното девојче Nike од Солун од III век н.е, пишува дека е од - “FONE MAKEDONIKE” (A.Delacoulonche, Le Berceau de la puissance macedonienne, des bords de l`Haliacmon a ceux de l`Axius, 1859, no 30;cf. BCH CXI, 1987, p.411) или “ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ”, што ќе рече дека и во III век н.е, македонскиот јазик и во услови на Римска четири и пол вековна доминација, не исчезнал. Но ова укажува дека дури и на двомесечни девојчиња му се укажува чест од посебен споменик и епитаф, нешта што кај Хелените не се забележани.