Храброста на Смилевските мајстори

Во 1845 год., турската армија прави големи реорганизации на своите управи и трупи.


Битола е одредена за воен центар на III армија а како посебен вилает кој се простирал и на делови од Албанија, оваа армија презела низа градежни зафати за пофункционални и нови објекти.

За оваа замисла ангажирано е месното христијанско население – главно од македонска и влашка националност, кое работело ангарија.Битолскиот валија воедно и командант на турската војска, Ќоса Ахмет Зеки-паша, си дозволил да го убие секого за кого сметал дека недоволно се ангажира во работата.

За кратко е изградена црвената касарна за пешадијата (шест месеци), белата касарна за коњицата и артилеријата, воената гимназија ( денес Музеј на Битола),офицерски и други попратни објекти со воена намена.

Но покрај овие објекти во градот, за потребите на III турска армија се отпочнале и градби во околината на градот. Во 1848 год., над самиот град на ридот кој и денес се гледа над касарната (сеуште касарна!), се отпочнало со градба на воени магацини со цврсти бедеми.

Ангажирани се и двајца врвни мајстори од с.Смилево кои се труделе работата да ја завршат во определениот рок.Кога завршиле валијата ја видел и задоволен прашал колку чини, но мајсторите одбиле велејќи: “Платено е и претплатено валија, за света работа пари не се земаат“.

Валијата се збунил не сваќајќи што е работата. Но сватил подоцна кога приметил неговиот писар кој случајно се нашол на спротивниот рид денес наречен “Тепсија”. Од таму се гледал (и денес) прекрасно изѕидан христијански крст од обиколните долги ѕидови кои кога си внатре меѓу самите објекти не се приметуваат, зашто е голем просторот.

Валијата дошол на ридот и кога видел, крвта му се заледила, сеќавајќи се зошто му рекле дека не сакаат пари и дека работата е света.Но сега од мајсторите ни трага ни глас.Така било тогаш

Како и да е денес е значајно да се увиди дека нашите предци и во такви тешки услови на најразлични начини оставле пораки и завет за нивниот непокор. Храброста на Македонецот се исчитува и денес, испишана и со грдабите, на паметниците кои се сведокот на непокорливиот од, таков каков што бил, чесен и со крената глава.