Конгресот на ИОП

Маринеску представникот на секцијата на ИОП од Романија ја изнел тешката ситуација во Романија каде властите фрлале илјадници луѓе во затвор и заштитната улога на секцијата при тоа.


Тодор Павлов како представник од Бугарија иако всушност Македонец – емигрант таму

“Комитет на Балкански национал-револуционерни организации”.

Членови на овој Балкански Комитет се:

Од ВМРО (Обединета) – Димитар Влахов - Секретар на овој Комитет
Oд Албанската организација за национално ослободување – Фан Ноли подоцна епископ во Бостон (САД)
Од Косовскиот комитет – Бедри Пеани, (се менуваа и Ќамил Бала и Ибраим Дјакова)
Од Добруџанската револуционерна организација – Георги Кроснев
Од Тракијскиот Комитет – нема можност да доаѓа представникот.


Тракијска посебност и дејци.


Во Тракија има меѓусојузничка власт особено во – Ксанти, Ѓумурџина и др. места каде особено има многубројни македонски револуционери од бегалците Македонци кои ја населија масовно Тракија и особено Западна Тракија.
Од нив особено активен е Христо Јанков, Христо Влахов и др. Дејци кои подоцна доаѓаат во Бугарија (некаде 1924-25 г.)

Ангел Томов – активен член на Народната федеративна партија и деец во Македонското и Тракијското револуционерно движење, но и на Солунската социјалистичка федерација. Слично како и Влахов и др. македонски дејци и тој преминува во овие социјалистички нови тогаш струења кои најпрвин во Солун се појавуваат.

Како член на првата НФП е активен деец , тој е редактор на партискиот весник “Народна волја” и секогаш е за единство на пртијата. Така кога на конгресот на НФП оддржан на 03 август 1909 год. во Солун доаѓа до судир меѓу јуришниците Сандански и Чернопеев, Ангел Томов не учествува во конфликтот и настојува да се смират страстите.

Александар Антонов од Пирдоп, познат македонски револуционер и теоретичар на македонското движење, кој напиша ред статии во списанието в.“Ново Време”, а подоцна и во в. “Македонско-Одрински поглед“. Тој како теоретичар на македонското револуционерно дело секогаш Тракијско-Одриското тело го врзува за Македонското.

Дури и кога е мобилизиран во Бугарската војска тој дезертира и бега криејќи се првично во стан каде се Димитар Влахов, Проф. Михалчев, а македонскиот општественик Др. Руменов го лечи од раните здобиени при судирот со групата на Шангов за време митингот на поддршка на Евреите и Mакедонците , 1903 год.

Антонов, се потпишува во првата своја статија со псевдоним – А. Горов а во наредните со – Севастијанов. Со четата на Никола Пушкаров заминува за Mакедонија да се бори за слобода на македонскиот народ. Извршува неколку атентати по железниците низ Македонија. По враќањето запаѓа во тешка материјална положба но и гонет од бугарите заради дезертерството и погледите, тешко се разболува од незилечива болест. На враќањето од Виена каде и му е соопштено дека болеста му е неизлечива, се самоубива во градината која тогаш се викала - големата градина на Борис.