Интервенција на конзулот

Вака е насловен делот во кој авторот во “Daily telegraph“ од 20 август 1913 год., објаснувајќи ги последиците од бугарските ѕверства во Тракија и дивјачката им нарав.


Другите војски кои барем глумеле некаков похуман однос кон цивилите вели:

“Според добиените упатства Г-дин Мачков, рускиот конзул и Г-дин Кине Францускиот конзул, му се претставиле на Г-дин Велчев следниот ден и во името на нивните почитувани влади, го предупредиле дека бугарските трупи не смеат да ги допрат грчкото или турското население.

“ Со кое право влегувате во нашите недоразбирања?“, Велчев, губејќи го малото количество самоконтрола, грубо одговорил
“Дали Грците и Турците се предмет на вашата јурисдикција?“
“Не“, одговорил Г-дин Кине “ тие не се предмет на нашата јурисдикција, тие се сеуште турски предмети“.

Г-дин Мачков студено забележал дека во комуникацијата тој дејствува според наредбите на неговата влада; секоја друга дискусија за него била бескорисна. Конзулите не признаа дека разговорот бил точно таков како што јас го пренесов, но за ова имам сигурен извор. Дека рускиот конзул, кој во ова време забележливо е бугарофил и чиј “raison d`etre“ лежи во неговата заштита на христијаните и особено на Бугарите, треба да се третира од бугарските власти со нескриено и арогантно непријателство е факт пред кој не можам да молчам.

Бугарските воени власти во нивните јавни изјави ја гледаат Русија со презир, велејќи дека Бугарија не и должи благодарност на Русија, бидејќи целта во ослободувањето не била да се ослободи бугарскиот народ, туку да се создаде нова руска провинција што Ецропа не би дозволила.
Во секоја пригода, било погодно или не, Бугарите објаснуваа дека тие целосно би го игнорирале нашиот конзулат. Рускиот конзулат имаше најголеми маки од бугарските испади да ги спаси семејствата на страрите муслимаски гавази, кои верно и служеле на бугарската кауза близу 30 години.

Благодарното признавање на луѓето кон рускиот конзулат се зголемуваше во однос на нефлексибилното непријателство на Бугарите кон него, тие знаеја дека руската интервенција и го должат спасот на нивните животи и имоти. Муслиманите со патетична благодарност се сеќаваа дека за време на руската окупација биле почитувани нивните религиозни чувства. Војниците ги нарекувале старите турски жени “мајка“, а младите девојки “сестра“, и ја делеле нивната храна со сиромашните.

Дури и српските војници оставиле пријатни спомени зад себе. Додека Бугарите кршеле врати за да влезат во куќите, грубо барајќи најдобри соби и добра храна што домаќинот, често пати не можел да ја даде; злоставувале мажи и жени, земале килими, облека и мебел, српските службеници учтиво барале да ја минат ноќта во некој агол, да не предизвикуваат врева, да се заблагодарат и да дадат бакшиш на слугата и ги молеле своите домаќини да ги посетат кога ќе минуваат низ Србија. Навистина фрапантен контраст.“