Генерал Велчев

Ова е следниот поднаслов на Извештајот од Рускиот полицаец за Бугарските ѕврства низ Тракија објавен во “Daily telegraph“ од 20 август 1913 год. и вели:


“Овде може да се забележи дека единствените објаснувања на конзулите, на Митрополитот, на муфтијата и на сите други кои имале можност да зборуваат со Генералот Велчев,  покажуваат дека тој секогаш бил прекумерно суров и брутално арогантен. Тој отворено рекол – забелешката се јавува за да се хармонизира со сериозните погледи на неговата влада – дека Бугарија нема потреба ниту од Грците, ниту од муслиманите и дека таа би ја искористила првата можност да го збрише целото грчко и мулиманско население. Тој изразил намера тие да се заменат со 28 000 Ерменци од Родосто и Малагра.
Дека ова не била залудна закана, докажуваат злосторничките однесувања на кои биле изложени турските затвореници и машката популација за време на првите денови од бугарската окупација. До денес топовите од тврдината Кеји се насочени спрема градот. Овде можам да споменам еден карактеристичен инцидент, во кој грчкиот Митрополит одигра улога, со тоа што даде појасна слика за овој бугарски Генерал, кој за жал, излезе дека е ученик на нашата Воена Академија
(се мисли на Руската – з. н).

На 25 јуни Неговата Возвишеност Поликарп, отишол во владата да побара дозвола, преку ноќ да го именува Атанасиус, Епископ од Кавала, за кој заедно со 20 угледни личности од градот, под надгледување бил донесен таму. Сите тие биле оставени цел ден да стојат во дворот меѓу секакви затвореници. Велчев брутално му кажал на Г-нот Поликарп дека ќе ги обеси и ќе ги убие сите угледни грчки личности од Адрианопол, почнувајќи од Митрополитот, бидејќи наместо да молчат тие се покажале како непријатели на Бугарите. На обидот на Митрополитот да се оправда себеси, Велчев дивјачки викнал на турски “Сус"! (Молчи!)

Дивјачкиот укор траел еден час додека православниот прелат прелат стоел. Велчев цело време му се обраќал со “ти“ и постојано нему, како и на сите Грци, му се заканувал со смрт. Конечно губејќи трпение Митроплитот не можел повеќе да издржи.

“ Масакрирај !“, извикал тој
“Не плаши се, ќе масакрирам“ одговорил храбриот Генерал,
“но, се разбира, за тоа нема да барам дозвола од тебе.“
За да се разбере мислата на Генералот, неопходно е да се запомни дека Бугарите, од Главниот командант до последниот војник, не престанале да повторуваат
“Адрианополе го зазедовме со наши раце и за сметка на крвта и животите на илјадници Бугари. Затоа местото и дури и животите на месното население ни припаѓа нам; ние имаме право да правиме што сакаме“.
Ваквиот заканувачки став на Бугарите го вознемируваше населението и предизвикуваше голем страв кај конзулите. Тие телеграфски упатија енергичен протест до Софија.“