Српски пропагандни тела 1903-1905 год

Со цел за освојување што повеќе позиции и симпатии за српската пропаганда во Македонија а користејќи го моментот на погром по востанието и немоќ на македонските револуционерни сили, Србите одат понатаму.


Така во “помагателската” фаза за залекување на лузните од востанието, тие формираат нови облици на “братска помош”.

“КОЛО СРПСКИХ СЕСТАРА” - се формира речиси веднаш со Извршните одбори, т.е во август 1903 год., во Белград, за лекување на немоќни, болни осакатени и други ранети но и гладни бегалци од Македонија.

Набргу ова “Коло”, ќе развие свои “Кола” по цела Србија во внатрешноста и особено кон границата накај Македонија. Овие “Кола” иако се организираат по принципот на “Извршни одбор”, сепак се во навидум похумана, а со тоа поненаметлива и посуптилна форма на српската пропаганда.

“СРПСКА БРАЌА”, “СВЕТИ САВА”, “БЕОГРАДСКА ЗАДРУГА” (акционерско друштво) и “ТАЈНИ ФОНД СРПСКЕ ВЛАДЕ” - се продолжителни нови форми на делувањето од српската пропаганда кон Македонија и меѓу Македонците. И овие организации и друштва “само помагаат” со облеки, храна, лекување, сместување, по некое вработување, финансиски поддршки и сл. такви форми.

Српската влада заради заострените односи со Австро - Унгарија, тензичните и несредени внатрешни односи кои ќе кулминираат со атентат врз кралот Александар Обреновиќ во истата 1903 год., четништвото во Македонија официјално сеуште не го одобрува.

Така и ако се јавуваат одредени такви форми тоа е повеќе под влијание на силни внатрешни екстремни елементи, што не значи дека Српската влада не е запозната, само одговара дека не стои зад истите. Но тоа е барем тогаш, подоцна е нешто друго.

Затоа во тоа време српската влада ќе настојува на договор со Бугарија за интересни сфери и подоцнежна поделба на Македонија.