“ГЛАВНИ ОДБОР” - четништвото во Македонија

По формирањето на “Главни одбор” во средината на 1903 год. тој бргу се организира и концентрира на конретните цели во Македонија.


Слично како и пробугарскиот Врховен комитет кој само формално се нарече “Македонски”, заради внатрешно - надворешни збунувачки пропаганди цели, така и Српскиот во Македонија ќе користи и “Маќедонски” именувања инаку во се користи Српски епоними. Така истиот “Главни одбор” во Србија ќе почне да си се нарекува и “Српски комитет”, “јер доле су старо (јужно) - Србијанци “.

Најистакнати членови ан овој “Главни одбор” биле:

Јован Атанацковиќ
Милорад Гоѓевац
Лука Ќеловиќ
Љубомир Давидовиќ
Петар Пешиќ
Милутин Степановиќ
Живан Живановиќ
Светозар Стефановиќ
Љубомир Јовановиќ
Васа Јовановиќ
Никола Спасиќ
Живојин Рафајловиќ
Љуба Ковачевиќ
Љуба Стојановиќ
Димитрије Ќирковиќ и Јаша Продановиќ
Во 1904 год. во одборот влегува и Драгутин Димитијевиќ – Апис офицер подоцна унапреден во Полковник на Српската краљевска војска и основач на тајната организација “Уједиње или смрт” и терористичката “Црна рука”
(подолу опширно).

“Главни одбор” нешто подоцна се реорганизира и се формираат секции: револуционерна, пропагандна и финансиска.

Во Врање на 16.VIII.1903 год. е основан одбор за укажување на помош за учесниците во Илинденското востание и прифаќање на бегалци од Македонија.

Но овој одбор подоцна поприма функција на “Извршен одбор” пред се заради влекувањето во него на “перјаниците” на српската пропаганда кои од бегалците сакале од прва рака да се информираат но и да делуваат преобраќајќи ги во свои орудија.

Притиснати од безизлезноста на положбата по востанието, разочарани и револтирани од вплеткувањата во востанието на Бугарите преку врховистите во кои сега гледаат вистински непријател, некои бегалци прифаќаат да работат за овој одбор.

Ова првенствено и заради дотогашното привидно подиректно немешање на Србите во македонското национал - ослободително дело за разлика од Бугарите и Грците кои веќе делуваат на неговиот раздор.

Но оваа посуптилна и навидум разбирачка а “помагателна” стратегија на српската пропаганда е уште поопасна и ќе биде во иднина по востанието. Штетноста од неа допрва ќе следи за македонскиот народ, во својот најподол лик.

Така за понатамошно помагање и разбирање на што повеќе луѓе од Македонија овој Извршен одбор, ќе формира и вакви одбори и во Ниш, Лесковац, Крагуевац и некои помали градчиња главно на јужната српска граница.