Српската обнова на четништвото во Македонија

Со ТМОРО во 1893 год., ќе се појави и поорганизирано македонската национална борба на македонскиот народ, за своја конечна слобода. Но токму ова ќе ги запали светлата за тревога во соседството.


Балканските државички плашејќи се од нараснатото револуционерно македонско национално движење - реагираат. Да се обессили националната активност удрија каде мислеа дека ќе направат забуна и омлитавување на македонскиот национален полет. Прво удрија на ИМЕТО, секоја во формираниот комитет го става името – “МАКЕДОНСКИ”.

Бугарите први во Софија, во 1894 год. само година по ТМОРО за да го раслојат, збунат и заведат македонскиот народ додадоа “ВРХОВЕН Македонски комитет” (демек ГЛАВНОТО затоа е ВРХОВЕН но и МАКЕДОНСКИ?!).
Од сите туѓи пропаганди во Македонија овој комитет во служба на Бугарите, ќе уфрла најмногу врховистички чети и ќе ја нанесе не малата штета по националното ослободително дело на македонскиот народ.

Грците по нив, во Атина основаа во 1902 год. исто “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ”, кој најсилно делуваше преку конзулатите во Солун и Битола но и преку свештенството и Патријаршијата. Грците веќе организираат своите чети – “АНДАРТИ”, кои ќе нанесат тешки злодела по македонскиот народ.

Србите во во средината на 1903 год. во Белград го основаа “ГЛАВНИ ОДБОР” на четничката акција во Македонија. Задачата на овој ГЛАВЕН одбор е собирање на материјални и финансиски средства, врбување на луќе за четнички единици и нивно префрлање во Македонија.