Прва монашка република на Балканот

Лесновскиот манастир низ целото средновековие но и подоцна бил големо православно светилиште


Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век.

Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.


Грабачите на нашите истории и територии - Бугарите и Србите, потоа го разнесуваат во големи количини ова македонско духовно национално богатсво во библиотеките на Белград и Софија.Но многуброен фонд има и во Загреб, Москва и Санкт Петрбург.

Записите кои не им одговарале на Бугарите и Србите, грижливо се уништувале или фалсификувале.Така она што дури и Турците го почитуваа со векови и не го чепкаа, “ослободителите” ни го уништија и испљачкаа. Денес собираат бројни туристи прикажувајќи го како нивно


Но што го прави овој манастир прва монашка република на Балканот ?


Заради потребите на овие училишта,библиотеки но и надалеку прочуена важност, постојано го опслужувале над 200 монаси а вклучувајќи ги оние околу манастирот таа бројка е над 300 монаси.

Овие од околината се во различни параклиси, пештери како испосници но и скитови (мали молитвеници во карпа). Денес има остатоци од преку 20 скитови. Заради сиот овој голем монашки живот во дамнините манстирот е нарекуван и “Голема ларва“.

Манастирското пошироко подрачје имало свои имоти, стада, пчели, ниви, млекари и се што треба да може да се издржува сето монаштво и помошен персонал. Токму ова Лесновскиот манастир го прави прва монашка република на Балканот.

Она што посебно му ја зголемува вредноста на овој манастир е и прекрасниот и висок иконостас од XIX век изработен во длаборез од познатата Мијачка тајфа на Петре Филипович-Гарката, кој го резба во периодот од 1811 до 1814 год.


Инаку спрема преданието манстирот изграден е на местото каде “Св.Гаврил Лесновски” преноќил а како што бил договорен со тројцата духовни браќа “Св.Прохор Пчињски”, “Св.Јоаким Осоговски” и “Св.Јован Рилски” и тие ги градат денешните истоимени манастири на места каде и тие преноќиле.