П. А. Ритих (синот)

П.А. Ритих е Офицер на руската царска армија, син на научникот А.Ф.Ритих и кој снабден со богата литература, на двапати ќе го обиколи Балканот.


Впечатоците првин ќе ги објавува во весн. “Руски инвалид”, во почетокот под псевдоним, но потоа на порачка од голем број заинтересирани за оваа проблематика и пријатели, ќе ги собере и издаде во посебна книга со наслов “Низ Балканот”, издадена 1909 г. во Санкт-Петербург. Во нејзиниот поднаслов стои “впечатоци на военен турист”. На крајот, веднаш под корицата има посвета – “На мојот татко”, што е важен момент зашто и навистина и татко му - Алексанадaр Федорович Ритих како познат славист мн. пати се обраќал кон македонското прашање со посебен пиетет кон македонскиот народ..


Македонки од с. Калишта, Охридско. фотографија објавена од Ритих во Русија 1909 година

Првото патување на Ритих - помладиот во Mакедонија е во 1901 г. а второто во 1908 г. На почетокот од книгата ги објаснува причините за патувањето – лично да се увери во ситуацијата на очекуван балкански судир. Австро-Унгарија ја анектира Босна па се очекувал одговор од Србија, а тука биле и интересите на Црна Гора, Бугарија и Русија, која морала да биде информирана за се.

Книгата “Низ Балканот“ е поделена на два дела, првиот е од понов датум - ноември 1908 г. и се однесува на Србија и Бугарија и вториот со постар - летото 1901 год. кога ја посетува Македонија и се однесува токму на неа. Ритих е непристрасен кога треба да каже што се Македонците, покрај тоа што добро ја проучил сета литература за Македонија и Македонците, тој има непогрешливо набљудувачко око за опсервација, комуникативен е љубопитен и правичен.


Машков, руски конзул во Скопје
Ритих дава убави описи на Македонските градови и села, манастири и цркви и пејсажи. Но особено важно е што тој и посветува внимание на разгорената србско - бугарска пропаганда во Македонија и последиците по македонскиот народ. Увидувајќи ја подлоста и фалшивоста на овие пропаганди на мн. места ќе даде свои мислења со предлози како навистина треба Русија да се однесува во оваа трагикомедија. Ќе биде сведок на такви лакрдии за посрбување или побугарување на Македонците, ќе им ги цитира дијаметрално различните статистички податоци со што на мн. луциден начин ќе се подбива со нивните небулози. Не верувајќи им на пропагандистите тој ќе се наслони на руските конзули - Машков (Скопје) и Ростковски (Битола), од кои очекувал да му дадат пореални сознанија како што ќе рече ...”ако не за етнографскиот состав, тоа барем за бројот на МАКЕДОНЦИТЕ што ја примиле бугарската или српската страна”.


Битола

Ритих зборува за МАКЕДОНЦИТЕ, како засебна народност но кои заведени од пропагандите или од др. причини моментно и за тие прилики почнале да се викаат кој за Бугари кој за Срби. Ритих со своето остро набљудувачко око ќе увиде дека тоа не е изворно чисто и етничко, но пред се црковно-пропагандно (кој под која црковна организација се нашол). Затоа Ритих ќе рече и дека ...”еден ист народ е зафатен или од бугарската или од српската пропаганда“. Разговорајќи насекаде со народот, Ритих и самиот под “Срби” и “Бугари”, ќе подразбира посрбени и побугарени Македонци кои така се водат од најразлични причини (воглавно црковни). Ритих никаде не ги споменува Грците како трета пропаганда, но само Србите и Бугарите, пред се поаѓајќи од блискоста на нив како Словенски народи и поголемата опсност од претопување, додека Грците се од сосем др. далечна гранка народи.

За “многу значаен” ќе го смета одговорот на попот од с. Башино, кога на прашањето што е, одговорил дека е - “чист Македонец, домородец и дека не знае да говори ни бугарски ни српски, а говори македонски”. И не зачудува што Ритих секаде го користи терминот – Македонец, Македонци.

Велес

Вториот текст за Македонија денес го избегнуваат и не го користат ниту Бугарската ниту Србската литература. Кога ќе се види, ќе се знае и зошто. Дури и руските историчари од тоа време ќе го цитираат но делумно и тенденциозно, а заради официјалната политика или влијанието на пропагандите дури и таму. Овој текст на Ритих е незгоден за аспираторските цели на србско - бугарската политика кон македонскиот народ и земја. Заради посебната важност на овој втор дел, особено клучните моменти на етничкото самосознание на македонскиот народ во разговорите со Ритих, како и пропагандите кои се прават да го угушат, опширно ќе ги изложиме неговите текстови. Особено важен момент е фалсификувањето кое го бележи Ритих кога Бугарската егзархија штом ја добила Македонија во црковна надлежност, почнува со бришење на старословенските натписи и допишување преку нив Бугарски атрибути и писма. Ритих дава конкртени цркви, лица и датуми кога што и како се прави сето ова. Ниту Србите не заостануваат во ова бришење македонска национална свест и историја.