Александар Аркадевич Ростковски

Рускиот конзул во Битола А.А.Ростковски во перодичното издание на Одделението за етнографија на Императорското руско географско друштво “Жива старина” (том 1, год. 9, од 1899 г.), издава свој прилог за Македонија.


Ова списание е познато и што во периодот од 1899 – 1905 г., објави и обемна збирка етнографски материјали со наслов – “Сборник Панајота Ѓиновски из села Галичника (в Дебрах), (песни,обичаи и разни мелки материјали)”, собран од преродбеникот П.Ѓиновски, пишуван на македонски јазик – мијачки говор. Ростковски, покрај тајната преписка со рускиот амбасадор од Константинопол за време на дипломатската служба, издава и свои публикации периодично. Тој е од руските дипломати што го поставува прашањето: Од каква народност е населението од Битолскиот вилает но и поопоширно во Македонија? И тука само површно како да настојува да ја следи официјалната државна политика на до крај недефинирање по ова прашање, но острото дипломатско око и ум нашле начин да ја увидат и покажат посебноста на македонскиот народ. Кај Ростковски не постојат во Македонија ниту – “Срби “ уште помалку “Бугари”, aми постојат – “Mакедонски Словени “или само “Словени”. Можеби затоа и ја плати својата реалност со глава, кога загина под нејасни околности, убиен од Турскиот војник (Албанец), во 1903 год. И не се знаат нарачателите ако ги има (Турците, Бугарите, Србите, Албанците или можеби – Русите?!), зашто неговите извештаи не им одговараа на сите. Зошто и неговите – Руси?!.

И кога сме кај конзуларните извештаи од Македонија, треба да се спомене А. Амфитетров кога го бележи реагирањето на на рускиот пратеник во Константинопол. Имено Амфитеатров за ова вели:


Зиновјев, руски амбасадор во Цариград
“Не некој почетник, туку И. А. Зиновјев (руски пратеник во Турција), се тревожеше пред мене (1901 г.) поради тоа што конзулските извештаи во Петроград со месеци остануваат непрочитани и со години лежат без резултат. Од Ростковски, Машков, Шчеглов, Максимов, Манделштам, Бахметов, Дјаченко – луѓе од разен карактер и темперамент, со различен однос кон службата, така да се рече од разнороден каиеризам – слушнв исти признанија: “ Работиме со врзани раце“ ...И потаму: ...”Уште мн. заинтересирани лица се живи, и повеќе им одговара да молчат, отколку да ги објават фактите и документите. Но кога сето тоа исплива на површина, тогаш офнуваат руските луѓе, увидувајќи каква жална и понекогаш и полоша улога, играле некогаш заштитниците на нивните балкански интереси...“ (Амфитеатров - “Ехо”,Москва 1913 стр. 225, 227).

Но Амфитеатров ја пренесува и средбата со конзулот Ростковски во Битола за која вели: “Го прашав кога бев во Битола г. Ростковски зошто се придржува кон претпазливата класификација, тој со полна отвореност одговори дека без оглед на својот седумгодишен престој во Битола, постојаните контакти со месните Словени, тој се досега не се решава да определи каде е границата меѓу Бугаринот и Србинот. Предпоставката дека основниот македонски словенски елемент не е ни бугарски ни српски, а само бугаризиран или србизиран – исто така искажана од Ростковски...“
Ростковски приложува и 50 таблици на сите мутесафлици, каази и нахии во вилаетот дава и општа бројка на населението а по која ги дели:

I. По вероисповед – Христијани = 470 641, Муслимани = 327 429, Евреи = 5 240.
II. По националност – Турци-Османлии = 78 867, Албанци = 266 061, Словени = 291 892, Грци = 108 023, Власи = 53 227, Евреи = 5 270, Вкупно = 803 340.


Според овие табели на Росковски, во Македонија нема ни Срби, ниту Бугари, но – “Словени”, графа со која колку и да избегнувал да не налути многумина, сепак - налутил. Што ли ќе било ако ставел – “Македонци”, може да се предпостави, но и за “Словени” бил нападнат дури и од Редакцијата каде ги објавува дологогодишните истражувања. Го напаѓаат луѓе кои или биле на кратко, но уште повеќе кои НИКОГАШ и не биле во Македонија.

За да дојде до овие бројки А. Ростковски, користи повеќе извори. Првин ги користел податоците од

Битола Градот на конзулите на почетокот на XX век
“Саљнаме” (годишната информативна книга) на Битолскиот вилает, каде се наредени по азбучен ред сите села, со бројот на домовите и жителите а неразгарничени по вера и народност. Тргнувајќи од неа Ростковски, потоа ја надополнувал со бројки од Христијанските општини со број на венчавки, т.е. семејства обложени со давачки во корист на Епархискиот архиереј. Но конзулот и ги проверува со лични посети, придружуван како нагласува во прилогот: “...често од лица што заслужуваат доверба и кои не се заинтересирани во ниедна од постојаните пропаганди, кои почесто од свои лични причини ми доставуваа очигледно неточни податоци... “. Со ова конзулот јасно ги посочува пропагандите кои делувале и неговата недоверба кон нив. Затоа и ги идентификува како неточни податоци.

Ростковски како конзул беше цели осум години во Битола и Македонија (1895 – 1903 г.), а таму и го заврши својот живот, убиен во атентат на битолските улици, во среде разгор на Илинденското востание – 08 август 1903 г. Колку е изрежиран овој атентат, тешко е да се каже, зашто дипломатската надменост на Ростковски сигурно ја знаеле евентуалните нарачатели за да предвидат дека тој без размислување ќе реагира на непоздравувањето од Турскиот стражар, нешто што е обврзително за стражарите кон дипломатите. Како и да е Русија за овој атентат само воено демонстрираше со флотата во Дарданелите, па протестираше кај Портата на што доби извинување и се се заврши со тоа.


Убиениот конзул се испраќа за Русија

Њујорк Тајмс за убиството на Ростковски