Руски автори за посебноста на македонскиот народ

Авторите Руси кои следуваат, во своите дела постапуваат поинаку од предходните кои беа воглавно со про-бугарска или про-српска теза.


Тоа е така пред се заради приодот кој е понезависен од предходните, но е чист моментот онаков каков го среќаваат и го пренесуваат со разграничување на сите обременувања.

Овие автори добро ќе го проучат македонскиот проблем , тие се користат со стастиката, со познати и признати литератури но тие одблиску и независно ќе го доживеат македонскиот народ. Ќе имаат средби со професионалните пропагатори и на србската и на бугарската пропаганда но и на турските власти, од што се заедно ќе го склопат мозаикот на тие пропагандно-политички потреби.

Најинтересно е што некои од нив ќе дојдат со изградени про-бугарски гледишта воглавно од предходниците Руси кои пишувале за Македонија, но по нивната посета се разуверуваат во спротивното и стануваат жестоки поборници на македонскиот народ и неговата посебност. Таков е Александар Амфитеатров, кој иако задоен со бугарофилство со љубопитниот дух по личните истражувања ќе ги отфрли и Софиските и Белградските наклоности. И токму тука е нивната големина зашто за разлика од српските, бугарските или грчките пропаганди за да се пишува за македонската посебност нема кој да потплаќа или наградува, таа е осамен како интерес но изворно чиста. Зашто зад предходните стоеја или Руско-бугарскиот или Руско-српскиот, Австро-српскиот, Англо-грчкиот или кој се не исплеткан интерес, но македонскиот интерес беше само на македонскиот народ и на никој друг во светот. Покрај турскиот терор и ропство сите овие пропаганди беа врз грбот на македонскиот народ кој даде не мали жртви при нивните ослободувања кога со Големиот брат – Русија тргнаа. Тоа е тажната вистина.

Ростковски, трагичниот дипломат, јавно ќе ги искаже несогласувањата во делбите на македонскиот народ кон оваа или онаа соседна нација.