А. Л. Погодин

Александар Лвович Погодин историчар-славист со посебно за Полската историја.


И тој во своите проучувања иако настојува да изгледа неутрален, толкувајќи аргументи те за Српската кауза, те за Бугарската за накрајот сепак да ни се открие како бугарофил. Тоа особено се огледа во анализите на др. автори и настани при што ќе заклучи дека балканските војни биле на ”штета на Бугарија”.

Овој негов поглед се зајакнува и во неговите др. две книги од 1914 год. и 1915 год., кога иако судбината на Македонија е веќе запечатена за подолго, Погодин не верува во тоа и пак бара некакви поголеми права на Бугарите врз Македонија. Но знаејќи ја вистината, пробува и тој да биде исцрпен па за разлика од др. тој ги анализира и Македонските движења особено групата на Димитија Чуповски со весt Македонски глас кој излегуваше во С.-Петерсбург.

Тоа беше силен глас за посебноста на македонскиот народ и тоа среде Русија, па Погодин тоа го плеткаше со некакви различни струења и движења на ист етникум, а не како на различен што и всушност беше. Но Погодин е таков и кон другите народи, а не само кон македонскиот. Имено неговиот пристап е да кај него националноста е определена според блиската поголема, побројна и посилна?!. Така тој не само македонскиот народ но ги негира и милионите Украинци како засебен народ и др. помали народи. Во 1919 год. Погодин емигрира од Русија и се до 1941 год. кога е отпуштен по окупацијата, ќе се сврти кон Србите и ќе работи како професор на Белградскиот Универзитет. Умира во 1947 год. во Белград.