Н.П.Кондаков

Никодим Петрович Кондаков е на чело на “Научната историско - етнографска експедиција во Македонија” - 1900 год., основана од Великиот кнез Константин Константинович – Претседател на Императорската академија на науките (ИАН).


Експедицијата на Кондаков е во состав - проф. по словенски наречја П.А.Лавров , П.Н.Миљуков (поопширно за него, погоре), П.П.Покрушкин аритект. и предавач на ИАН и Д.А.Крајанов, уметник (фотограф). Етографските истражувања на Македонија им се цел, но и самиот Кондаков паѓа под влијанието на Миљуков кој веќе се наметнал како некаков “познавач” на Македонија. А Миљуков доаѓа со однапред формирани про-бугарски гледишта, а сега само барал нови докази за своето гледиште кое веќе во Русија му го оспоруваат. Кондаков иако приметува низ забелешката дека ...”постојат патешественици што одат таму со однапред формирани погледи, за да бараат нови фактички докази за своето мислење”, сепак се предал на стихијата т.е Миљуковите гледишта. Кондаков истражувањата ќе ги објави по чудно долго време (9 год.), во контроверзна книга – “Македонија” полна со предрасуди кои само ќе ги потврдува или негира.

Всушност неговото внимание е на археологијата, средновековните цркви и “странејќи” се од секакви спорови на самото место, како самиот ќе нагласи, ќе дојде до заклучок каков што од него барале нарачателите – Руската официјална политика – исцело на ниедна страна или на секоја страна по малку. На бугарите им го признава правото за Македонија со Бугари, а на Србите како “утеха” дека Македонија е српска земја со српска култура ( “Стара Србија”), а за Скопска Црна Гора како чисто “српска” оти таму Бугарите немале што да бараат.

Кондаков несвесно го објаснува проблемот со тоа што ќе ја обвини литературата за Македонија од последните 25 год., дека само ќе го збуни човека и му створи антипатија за оваа тема. Најверојатно и заради тоа е така пасивизиран и им препушта се на др. кои се позагреани за темата како Миљуков. Кондаков преку мислењето на рускиот конзул Ростковски, објаснува зошто и тој не застанал на ниту една страна. За грофот Игнатиев кој во Сан Стефано Македонија ја приклучува на Бугарија, ќе рече дека застанал на вистинската страна, страната на “ ПОСИЛНИОТ” (како лично вели). Но Кондаков објаснува и зошто Русија се определила токму за Бугарија кога и ја припои Македонија: ..”Бугарија, во својата политика, се унижува до политичка интрига и следствено, се стреми кон засилување на трет посредник, т.е исконскиот непријател на словенските националности на Балканскиот Полуостров – Австрија. Нарушувајќи секаква историска и најпроста здрава мисла, Бугарија, изгледа, се стреми кон поделба на Македонија со Австрија и полно поробување на Србија..”.

Ова признание на Кондаков укажува дека Русија и ја дава Македонија на Бугарија од причина Бугарија да не се врзе со вечниот конкурент за Балканот – Австрија. Но ни укажува и дека ниту Русија ниту Бугарија веруваат во некеков бугарски карактер на Македонија, но се е чисто интриганство и борби за територии. Се наѕира и рускиот напор во оддржувањето рамнотежа меѓу експанзионистичките сништа де за Белград де за Софија па обратно.

Но Кондаков е во експедиција испратена од ИАН, па оттука и тоа што го пишува и он што и одговарало на државата Русија.Но оттука и разликите во пишувањата со оние на Ритих и Амфитеатров, кои истата година и една подоцна биле но без државните ограничувања, а чисто во улога на независни патеписници.

Кондаков на крајот спомнува и независност на Македонија, но ова го отфрла како неостварливо.
Кондаков ќе остане со ова во сенката на Миљуков и заедно со Державин и Погодин се во заблудата и тежината на руската политика.