И. С. Јастребов

Јастребов е забележливо аргументиран критичар на Державин во книгата “Обичаи на турските Срби” (Призрен, Пеќ, Морава и Дебар – 1886 год.). Всушност со својата книга Јастребов отвара полемика со Державин затоа што и Державин возвраќа со остар тон.


Јастребов со анализа на Державиновите пробугарски тези на мн. ефектен начин ги разбива нивните неодржливи методолошки пристапи. Притоа и самиот е лесна цел за Державиновите противкритики во моментите кај што наметнува Србски карактер на Македонија. Всушност и двајцата се “касапат” во меѓусебниот дуел од едноставна причина што и двајцата имаат целосно погрешни приоди – го прават македонскиот народ, тоа што не е. Ако само тргнеле од ВИСТИНАТА за посебноста на Македонците, ќе си ги заштителе своите позиции на научници и општественици, вака сета нивна општественост и научна важност настрадала.

Јастребов за воља на вистина тргнува со пообиколен начин, не тврдејќи директно но по поаналитички пат со разни тематски целини и прашања во кои се задлабочува.