Виктор Григорович

8 год. по книгата на Ладиженскиј, професорот на Казанскиот универзитет, Виктор Григорович е првиот Русин кој доаѓа во Македонија со записи за манастирите, црквите и нивните библиотеки, но и географијата на Македонија.



Виктор Григорович

Ќе ја издаде – “Очерко путошествија по Европеискои Турцији (с карто окресностеи охридского и преспанското езеро)” во Казан, 1848 г., а на стр. 206 ќе признае дека при пишувањето пред себе ги имал книгите на Шафарик, Божур,Тафел, Кузенири, Пукевил, Лик, Буе, Гризебах и Милер. Посебно ги ценел последните тројца зашто др. освен за Шафарик биле преокупирани со археологијата на Македонија а не и за населението. Григорович врши селекција на она што од истите ќе земе за вистинско. На Буе и Милер ќе им забележи за протежирањето на Србите и населенето на Македонија и Румелија го нарекуваат со Срби а тој лично ги нарекува – Бугари (?!) и ја протежира оваа народност. Но веднаш се негира кога признава дека ...”јас не можев да ја проверам статистиката на овој научник (Милер), поради тоа што бев проследуван со сомненија, не наоѓав доверба..”. Но Григорович не кажува кај кого не наоѓал доверба (кај Македонците или кај Турците), така што и неговите тврдења се кревки во изворот, точноста и аргументираноста.

Колку и кај него има неточности е фактот кога исправајќи го Милер во топонимите на месности низ Македонија и самиот дава уште понеточни податоци.Така за планината источно од Охрид која овој ја нарекол – Коропинц, Григорович неточно ја нарекува Корабица, а се работи за – Галичица!
Не без значај е влијанието врз Григорович од книгата на Русинот Јуриј Венелин за Бугарите која е нешто пред патувањето на Григорович во Македонија- 1829 г . Венелин ја обиколил Бугарија но иако не стапнал во Македонија и неа ја прикажува како бугарска, со што шири заблуда која влијае и на Григорович. Штетноста по вистината за македонскиот народ на Григорович е што тој добива на тежина во своите писанија за наводното бугарство на Македонците, како прв кој бил во Македонија, со што си спечалува авторитет иако само и го продолжил векот на една заблуда. На овој начин еднаш изнесената произволност добила нови алки, се дури подоцна не почнат др. учени на Европа истражувајќи во Македонија, да ја увидат вистината и го ослободат македонскиот народ од заблудите на овие Руси. Сепак ова е и раната фаза на националните преродби и дури мн. подоцна по 1844 г. (кога Григорович бил во Македонија) силните ветришта на вистината кои ќе ги оддуваат во неврат сите небулози за ваквиот или онаквиот карактер на македонскиот народ.