Руски подоцнежен интерес и пишувања за Македонија

Како се збогатува литературата за Македонија и Македонците во Европа а од таму и во Русија, интересот за поцелосни истражувања кај многу Руси, јакне.


Со ова и вистината за посебноста на македонскиот народ, сега дури и во писанијата на конзулите особено по нивните повлекувања од функциите, кога веќе не мораат да ја следат официјалната руска политика. Се истражува со поискрени намери и со интерес да се разграни што е вистина а што не од пропагандните вреви на Софија и Белград а со јасна цел – денационализирање на македонскиот народ. Покрај учените од ден на ден во бугарско-српските вреви, се поголема недоверба ќе искажува и официјална Русија, гонета од се побројните трудови на Европските и светски учени. И не само од нив, но и од тоа што руските влогови во српско-бугарските интереси, кои пак ги надминуваа руските, се почесто се здружуваа со оние на руските ривали.

Се побројните и понезависни пишувања стигнуваа бавно, но системно, па термините “Словени “ и “Македонски Словени”, почнаа да ги потиснуваат првичните бугарско-српски. Со време и овие термини ,се заменија со чистото – “Македонци” и “македонски народ”. Автори со свои трудови за Македонија, без разлика која страна ја преферираат или не преферираат па пишуваат за посебноста на македонскиот народ има многу. Од оние со позначајни текстови, зад кои стои научниот и општествен авторитет во двете децении на преминот од XIX век во XX век, ќе се јават:
Н. Овсјаниј, А. Ростковски, П.Миљуков, А. Амфитеатров, А.Ритих, Ј. Роганович, Н. Пагодин, Н.Державин, Н.Кондаков, И. Јастребов.