Рускиот најран интерес и пишувања за Македонија

Македонија и македонскиот народ во рускиот пишан збор се појавуваат рано, првин Македонија како географско-стратешки простор и тоа од странски извори а подоцна и Македонците.


Тие пак ќе станат прашање за Русија кога плановите со др. балкански народи не и излегоа на посакуваното но половичното решение. Лакомоста за заобиколен пат кон Константинопол и го испушташе од уста и залакот кој и беше зграбен на Русија. Во Сан - Стефано Русија ја увиде грешката - недоволниот интерес за Македонците и форсирањето на Бугарите.


Иларионов, руски конзул во Солун
Во дневниот печат вестите за настаните од Македонија беа датирани главно од Софија, па и со белег на пробугарски пропаганди. Официјалните руски дипломатски представници, повеќе водат сметка за официјалната руска политика во извештаите, одошто за она што навистина мислат за македонското прашање. Затоа и не чуди речиси диригираната поделба на Македонците, кај нив на – бугарска и српска кауза, но и неконтролираната појава и на трети ставови – најблиски до вистината, но најдалеку до можноста да се соопштат (А. Амфитератров за Солунскиот конзул Н. А. Иларионов во – Страна раздора, стр. 75). Нивната коресподенција до денес е сеуште недистражена.

При двата главни ставови, бугарската кај нив како да натежнува и разбирливо со оглед на близината до Русија и руските сметки. Кога се протежира српската пак, тоа е секогаш кога Русија ќе почувствува опасност дека Србија се доближува одповеќе до Австро - Унгарија, главниот руски соперник за Балканот.