Русија и “Словенството” како врвна догма

Кога Европа ќе го разголи вистинскиот руски експанзионизам вештата руска дипломатија ќе тргне по друг “поаргументиран” пат, сега како наводна заштитничка на – “Словенските “народи.



Русија во Сан Стефано
Со ова Грција свесно отпаѓа, но затоа Русите ја ”дуваа” нова творба -Бугарија ,во невидено-неприродни граници. Успеa подоцна и Румелија да и ја приклучат, па Тракија и се правеа за последната – Македонија со Солун. Цел - стасување до Егејот и Солун, (зашто Црно море веќе се обезбеди). Во Сан Стефано, Русите си ја исцртаа својата посакувана траса а Бугарија е параванот зад кој се криеше пред другите сили, експанзионистичката желба.

Кога Русија ќе тргне со Словенството како аргумент, Европјаните не можеа многу да приговорат. Со културната , јазичната сличност, беше неспорниот факт кој и овозможи на Русија да се прогласи за матица на цело “Словенство”.
На Русија и одговара што овие “Словенски” народи беа во национално будење но под ропски јарем а спас бараа токму од неа моќната и “братска” Русија.
И колку повеќе Отоманците тероризираа а “Словените” лелекаа, Русија повеќе “слушаше” и ги оправдуваше своите вмешувања.

Панславизмот ќе го вивне во врвна догма: “Тој што не е за Словенското единство е против моќната Русија, тој е против словенството но и против себеси”.
Ова значи дека тој или ќе мора да си ја увиди заблудата, или ќе се лиши од единствениот спас од “големиот брат”. Во ова функција Русија образува разни “Сесловенски” асоцијации, Универзитети и сл. “маши” за олеснето разгорување на жарот но и негова контрола. Во ова се препознава и подоцнежната Руска догма – Комунизмот и неговата маша – Коминтерната, кон кои и тогаш пак ќе се дозира – “Словенството”, како манипулативна стратегија, за контрола на народите. Но сега движењата под Отоманите, хранети од желба за национална самостојност “Словенството” ќе ги мапѓеса Балканските народи.

Со променлива дипломатско-воена среќа царска Русија ќе изигрува заштитник се до својот крај - неполна деценија по крајот на соперникот од Босфор. Свесна дека на силниот му е дозволено се , Русија не се тревожи на некои илузии од панславизмот, пред се оти таа ги раѓала, издигала, лажно хранела, па ги запоставувала за во мигот кога ќе и треба пак да ги воскресне.
Но руската стрв на Балканот се судираше со онаа на др. Европски сили кои пред одорот ја чекаа смртта на Отоманот.


Русија и Австрија во грабањето на што поголеми делови од Отоманите