Русија и Православието како пропагандна догма

Русија првин ќе се камуфлира зад наводната заштита на Православието при мешањата во работите на Отоманите. Како најголема Православна сила, таа е “загрижена “ за поробените си православни “браќа“ од Балканот.


Од архивите Русија вади аргументи како тестаментот дека Венеција и папата и го признале правното наследство на источната православна црква (К.А.Слалковски - “Внаќшнајаја политика Росији и положение иностранјих державји”, 2 издание, преработаное и значителјно дополненое, С.Петербургс, 1901 г., стр. 309).
Најпрвин игра со најдалечниот од православните – Грција, која токму на Русија и го должи своето државотворство иако подоцна се препушта на Западот. Но игра и Србија, Бугарија и Црна Гора, кои исто и ги должат на Русија своите државотворства, со време ќе играат на туѓи карти, (Австрија, Германија, Франција и др.).