Руската рана политика кон Балканот и Македонија

Стеснета од мразот на единственото си море кон запад, Русија со Петар Велики, се врти кон југ и отворот за светот, Дарданели- Босфор.


На патот од замислата е друга империја – Отоманската, па ќе почнат судири со последици по балканските народи. Се вмешуваат и другите две империи – Австро-Унгарија и Британија, како и растечките - Франција и Германија.