Пожар во Александриската библиотека од Христијани
Последниот научник во Александриската библиотека била Хипатија меѓу сите учени мажи, единствената блескава жена - математичар, астроном,физичар и водач на неоплатонското филозофско учење.
Родена во 370 год. н.е, во време кога жените немаа никакви права и беа сметани како лична своина, таа е самосвесна низ традиционално машкиот свет.
Но империјата проживува тешки мигови, Христијанството по 325 год. н.е, кога Константин го прогласи за официјална вера на империјата, веќе се рашири и зема подем во сите сфери. Се се сведуваше на господа а не на науката која се смета како дело на ѓаволот за да ги зашеметува умовите на верниците.
Во Александрија Патријарх во тоа време е Кирил Александриски, неговите фанатични ученици ја пречекаа една ноќ Хипатија додека со кочијата се враќаше од Библиотеката во која до касно се посветуваше на науката. Ја одвлекоа и ја растргнаа облеката и со школки наречени “Петрово уво”, во фанатичен бес за одбрана на верата, ја одраа Хипатија до коски.
Тргна пирот и се запалија сите дела и сета лажна наука на стариот свет пламна да не остана ниту трага о ереста. По ова Кирил патријархот Александриски ,е прогласен за светец, ја уништил ереста а и се посветил на верата.
|