Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
Стојко Додоловски од село Чучер - Скопска Црна Гора, бегајќи од теророт на Турците и Арнаутите уште како млад, тргнал да оди за “ветената” земја.
Бродот Титаник
|
Со нешто заработени пари доаѓа во Саутхемптон, од каде требало бродот “Титаник” да замине.Билет едвај успел да купи во последен час и тоа од еден поп кој иако купил бил спречен да појде, па му го препродал на Додоловски.
Судирот на бродот и ледот е ноќта спроти 15 април 1912 год., Додоловски успеал да дофати еден појас и рипне од 15 метарската височина гонет од единственото чувство за живот.
Се дофатил за еден чамец кој меѓу првите е спуштен со богати господа. Молел 15 – годишниот Македонец, да го примат, но погледите им биле студени дури укорувачки што се осмелил да се дофати за нив. Еден господин си ги подвиткал нозете со топлото ќебе а го покрил и кучето да не настине, но за Додоловски немале милост.
Држејќи се така во ледениот океан почнал да се грчи и мрзне, гласот му се фаќал и губел а силата го напуштала додека не се откачил од чамецот немоќен веќе. Господата не го ни погледнале а тој се нашол среде океан во темница. Постепено се наголемувал бројот на давеници и делови од инвентар.
Закачен за еден превртен чамец во мигот кога океанот почнал да го влече кон океанот напуштен и од последните сили, го наоѓа офицерот Лоу единствениот од таа ноќ вреден за почит кој со чамец ги собирал преживеаните подоцна. Еден од 12-мината спасени од Лоу бил и нашиот Македонец.
Лоу го ставил во чамецот, го вртел и триел.Подоцна е префрлен на бродот “Карпатија”, каде се сретнал со господата со кученцето. Во Њујорк чекале милиони луѓе испаничени барајќи свои меѓу преживеаните. Од 2 224 патници на Титаник дури 1 517 останаа на морското дно.
|