Македониум во Интернет мрежата

01.12.2007 година Македониум достапен на Интернет.


Браќа сонародници од македонскиот народ ширум светот, драги пријатели од другите народи а почитувачи на македонската култура, историја и традиции - воопшто на македонизмот, еве го конечно пред нас вашиот и наш – “Македониум”.

Макотрпно го градевме во склад со нашите прескромни можности но со желба која се престори во занес, со верба и упорна воља, но и со нашите знаења, способности и страста кон македонизмот и неговите темелни вредности.“Македониум” е пред вас.

Особена сила ни даваа и бројните како никогаш досега, разулавени пропаганди кои токму сега се дрзнаа да ни ги негираат нашите македонски корени, нашето национално битисување низ Балканските ветрометрини.

Од денес почнува полнењето на најголемата база на податоци, документи, слики, теми, расправи и се што е врзано за македонскиот национален опстој и постој. Преку 11 000 слики, илјадници документи, расправи, теми и случки од историјата на македонскиот народ се пред вас, а ќе бидат и во иднина постојано дополнувани, а паралелно се прават напори и за превод.

Со ова “Македониум” е македонски сајт во корист на македонскиот народ и неговите почитувачи. Настојувањето ни е да го собереме целиот МАКЕДОН(ск)И – УМ, сето помнење за него, чисто да не ни го поматуваат туѓите пропаганди и да не се заборави, зашто некои ете на тоа сметаат и се надеваат.

Нека ни е честито !!!