Нацијата општо

При дефинирањето на нацијата Гелнер, појдува од некои интересни позиции кои само навидум делуваат и разумно.


Со асоцијацијата на човек и сенка, тема на романот од Шамисо - емигрант во Германија во времето на Наполеон, Гелнер илустрира човек и нација, т.е нацијата ја споредува со сенката на човекот. Каде и да оди човекот нацијата го следи како и сенката.

Со романот тој потсетува дека кога следбениците и познаниците ќе приметат дека човекот нема сенка, почнувале да го одбегнуваат.Така заклучува дека Човекот без сенка е Човек без нација, но и дека човекот без нација им пркосел на признаените категории и предизвикувал одбивност(?!)

По ова Гелнер влегува во една само навидум реална базичност на национализмот но како мотив повеќе дека нешто не е во ред со неговата и таква темелна вредност.

Заклучувајќи дека човекот мора да има националност како што мора да има еден нос и две уши а ако ги нема тоа можело само при катастрофа, тој токму во тоа гледа своевидна катастрофа (?!).

Демек и без нос и без уши човекот е пак човек, не е нешто друго, (освен што е без нос и без уши, изгледа !– з.н ). И во ваквата поставеност на работите со човекот и нацијата тој гледа проблем па мудро заклучува :

“Да се има нација не е нужна особина на човештвото, но денес таа почнува да се појавува како таква.
Всушност, нациите, како и државите, се случајност, а не универзална нужност“(?!-з.н)

Што да се каже на ваквата мудрост?
Ќе мора токму низ неговиот начин на гледање да го преведеме ова. Бидејќи самиот нацијата ја споредува со уши и нос, ова укажува дека да се има уши и нос не е нужна особина на човештвото, иако таа денес се појавувала како таква (?!).

Но мораме да му забележиме и дека човекот се создал таков - со уши и нос, па ако тие се непотребен вишок, тогаш ниту природата ќе немала потреба да ги вградува. Второто, за нациите и државите како случајност а не универзална нужност, со ова се уште понеодржлив став, зашто факт е дека и носот и ушите не се случајност на природата но токму универзална нужност.Толку од нас, за ова од него.