Ми го затвориле младиот Јорданчо
Ми го затвориле младиот Јорданчо
Ми го затвориле младиот Јорданчо
ми го затвориле во темни зандани
во зандани има вода до колена
вода до колена, коса до рамена.

Време веќе дојде Јордан да се пушти
право он си трга во негово село.
Кога дојде Јордан до домашни порти
два пати ми чукна, три пати ми викна.

Кога го дочула неговата мајка
порти отворила, сина прегрнала.
Каде ми е мајко мојто верно либе
порти да отвори, мене да пречека.

Твојто верно либе, сношти се омажи
за твојот комшија, за твојот побратим.