Македонски и општ национализам

Денес национализмот главно се смета како политички принцип на поклопеност меѓу политичката и националната единица. Тој се дефинира и како сентименталност кон своите етнотериторијални посебности.


Но истовремено овој национален сентимент е чувство на гнев предизвикан од кршењето на принципот или обратно - чувство на задоволство од целосната негова исполнетост.

Македонскиот национализам е повеќе од првото зашто за разлика од околните национализми кои ја имаа привилегијата да се во постојано или делумно задоволство од исполнетост, тој е само гневен заради кршењето на неговите основни човекови права. Соседските уште и се разгалуваа до таа мера да постојано врескаат за нови привилегии преку нови и нови отстапки од македонскиот етнокултурен простор.

Значи и додека ова го искажуваме тоа го искажуваме со наш македонски тип на национализам кој е во чисто одбрамбена позиција иако другите националисти а наши противници, настапуваат како да тие се бранат. Всушност вршат замена на тези.!

Тој наш национализам е од т.н.р со “универзален дух”. Од време на време имало и други вакви националисти непристрасни кон својата национална припадност и како такви великодушно ја проповедале доктрината за еднаквост на сите нации.

Едноставно тие да се под еден покрив и да се воздржуваат од вклучување неприпадници на нацијата под тој покрив, но и да се толерантни кон другите, почитувајќи ги нивните универзални културни особености и права.Само тоа македонскиот национализам проповедал.

Како таков македонскиот е уште и неегоистичен национализам. Како доктрина, може да се поткрепи со цврсти аргументи, како што е пожелноста да се зачува едноставно својата културна разнообразност, заложбата за плуралистички меѓународен политички систем и за намалување на внатрешните тензии воопшто во и меѓу државите. Ваква доктрина македонскиот национализам имал и во минатото, таква е и денес.