Св. мччка Теодотија со трите деца

Останувајќи вдовица со три свои чеда, Теодотија целосно се предала на Божја служба и на воспитување на своите деца во благочестивата вера.


Кај неа седела св. Анастасија кога била во Македонија и заедно со неа ги посетувала затворениците заради Христа по затворите. Кога била изведена на суд, Теодотија смело го исповедала Христа Господа. Тогаш била испратена кај антипатот Никитиј Витиниски. Кога еден бесрамен незнабожец сакал да се допре до нејзиното тело, наеднаш здогледал крај неа ангел Божји и бил удрен од ангелот. На смрт осудена и во вжарена печка фрлена заедно со трите свои деца, св. Теодотија чесно го завршила својот живот и преминала во царството на вечната слава.