Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Свети апостоли.


Од едумдесеттемината. Св. Стахиј бил помошник на св. Андре Првоповикан. Св. Андреј го поставил за епископ во Византија. Ја создал Црквата во Аргиропол и управувал со својата паства верно и ревносно. По 16 години епископствување, мирно се упокоил во Господа. Амплиј и Урван, исто така, соработувале со св. Андреј и од него биле поставени за епископи, и тоа: Амплиј во Лид или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија.

Двајцата маченички пострадале за Христа Господа. Наркис бил поставен од апостол Филип за епископ во Атина. Свети Апелиј бил епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, братот на апостолот Варнава ја проповедал верата Христова во Британија и таму мирно завршил.