Преп. Теофил Мироточив

Родом од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник.


По наредба на Цариградскиот патријарх Нифонт, патувал во Александрија да испита дали навистина патријархот Јоаким поместил планина и испил отров без никаква повреда, натеран на тоа од евреите и муслиманите. Уверувајќи се во вистината на тие чуда Теофил се вратил во Св. Гора. Таму се подвизувал, најнапред во Ватопед, па во Ивер и најпосле во келијата на св. Василиј во близина на Кареја. Овој човек ја одбил понудата да постане Солунски архиепископ. Со длабоко безмолвие, богомислие и со срдечна молитва успеал да го очисти својот ум од сите страсни помисли, така што постанал чист сад на Светиот Дух во којшто живеел Христос.

Пред смртта, му наредил на својот ученик Исак кога ќе умре да не го погребува, туку да го врзе со јаже за нозете, да го одвлече и да го фрли во потокот. Ученикот со голем страв така и направил. Но Божјата промисла ги открила моштите на св. Теофил и кога ги пренесле во неговата келија, од нив почнало да тече чудотворно миро. Се упокоил на 8 јули 1548 година.