Преп. Петар Атонски

Војник по занимање. Војувајќи еднаш против Арапите, бил заробен, окован во вериги и фрлен во темница.


Петар темнувал долго во градот Самари на реката Еуфрат и везден Го молел Бога да го ослободи од темницата и да го одведе во некоја пустина каде што целиот би се посветил на молитвениот подвиг. Во темницата му се јавил св. Симеон Богопримец со св. Никола, ги допрел со својот жезал оковите и тие се растопиле како восок, а Петар одеднаш се нашол вполе, надвор од градот. Веднаш тргнал на пат за Рим, каде што на гробот на апостол Петар бил потстрижен за монах од самиот папа. Потоа тргнал со лаѓа пак за Исток.

На сон му се јавила Пресвета Богородица со св. Никола и Богородица му рекла на св. Никола дека на Петар му ја одредила Атонската Гора за подвизување. Петар дотогаш не ни чул за та гората. Симнувајќи се во Света Гора, Петар се вселил во една пештера, во која поминал 53 години во тешки подвизи, во борба со гладот и жедта, со жегата и мразот, а најмногу со демонските сили, додека најпосле не совладал сé со Божја помош. Бидејќи ги издржал првите искушенија и добро ги положил првите тешки испити пред Бога, ангел Божји почнал да му донесува леб секои 40 дена. Неколку пати му се јавувал искушувачот?ѓаволот во вид на светол ангел, но Петар го изгонил со крсниот знак и со името на Пресвета Богородица. Една година пред смртта, го пронашол некој ловец, кој ловел елени по Атон, па од устата на светителот го чул неговото житие.

Умрел во 734 година. Моштите му се пренесени во Македонија.