Св. мч. Георгиј Кратовски

По потекло е Македонец, од градот Кратово.


Младиот Георгиј по занает бил златар, а по срцето и душата уверен и богомолитвен христијанин. Имал само 18 години кога Турците сакале да го потурчат. Но Георгиј останал во верата тврд како дијамант. Тогаш Турците го мачеле со многу остри маки и најпосле жив го запалиле на клада. Пострадал за убавата Христова вера на 11 февруари 1515 година во Софија, за време на царот Селим и се прославил со слава неувенлива на небесата.