Преп. мајка Синклитикија

По потекло е од Македонија. Воспитана во Александрија.


Како богата и угледна девојка имала многу додворувачи кои ја барале, но таа сите ги одбила и се оддалечила од родителската куќа, отишла во манастир. Во најголема воздржаност, бдеење и молитва поживеала до 80. година.

Нејзините поуки за монахињите од секогаш се сметани како духовен бисер, бидејќи оваа праведничка не дошла до високата мудрост преку книги, туку преку страдање, мака, деноноќно размислување и духовно општење со возвишениот божествен свет. Со душата се преселила во тој возвишен свет во 350 година. Св. Синклитикија, помеѓу останатото, говорела: '... ако е време на пост, немој да се откажуваш од постот, иако си болен, бидејќи, еве, и тие што не постат, страдаат од иста болест”. Уште велела: 'Како што откриеното богатство брзо се разграбува, така и добродетелта кога се разгласува, се помрачува и се губи”.