ПОИМОТ Б`ЛГАРИН во светските јазици

Пежоративната смисла на ова име е толку силна што и кај Бугарите не ја загубило подбивната смисла.


- “Изразот - Бугарска работа, полн со презирност и прекор,не слегува од усните на никого од нас уште и ден денес”


Стиљан Чилингиров

Бугарскиот учен - Ст.Чилингиров во неговото – “Какво е дал Б`лгаринот на другите народи”, Софија, 1938 г., но ќе продолжи.

“Што и да се случи, каде и да стане нешто што е лошо,нешто што е незгодно, непремено, ќе го неречеме - Бугарска работа, ќе го идентификуваме со нам...”

- Кај Србите пак и денес за нешто - растурено, диво, хаотично и без ред , уште се користи поимот – “Растурено ко Бугарска скупштина”..

Што подразбира Европа и светот под поимот – “Бугарин“

Во Францускиот и Италијанскиот јазик

За знaчењето на поимот Б`ЛГАРИН, бугарскиот учен Бранимир Примов пишува:
"Тука во помал степен се повторува она што се случило многу порано во Франција и Италија, а ги оставило називите – “БУГАРИ”, “БУГРИ”, “БУЦЕРОНЕ” и др. Еден од зачуваните зборови е и на пример –“БУГЕР”.
Тоа е стар и денеска ретко употребуван збор. Главното значење му е – “СЕЛАНЕЦ”, “ПРОСТАК”, “ГРУБИЈАН”, “ЧОВЕК ЗА ПРЕЗЕР” и сл.
Се смета дека тој збор е дојден со посредство на српскохрватскиот јазик.Тој потполно одговара на Францускиот збор- “BOUGRE”.

( Б.Примов во делото за – “Бугрите”,софија ,1970,305,306..)

Во Унгарскиот јазик

Поим што се употребува во унгарскиот јазик,е – “BIGRIS” (Бугриш) Главното значење му е – “ГЛУПАК”, “ТАПАК”, “ГОЛЕМОГЛАВ”.

Глаголот – “БУЗЕРАЛ”, означува – “ОБЕСПОКОЈУВАЊЕ”, “НЕ ОСТАВАЊЕ НА МИРА”.
Со него е сврзан и – “BUZERANS” (БУЗЕРАНШ), што значи – “МАЖ КОЈ ИМА ПОЛОВА ВРСКА СО ДРУГ МАЖ", “ ПЕДЕР “ и сл.- Примов).

- Примов вели дека овие зборови се дојдени од италијанскиот јазик,едни со посредство на Германскиот,други со посредство на српско-хрватскиот. Но уште и ќе продолжи...

- "И до денеска во италијанскиот јазик постои зборот –“BUZZERONE” со значење - Педераст, Содомит и глаголот – “BUGGERARE” ,глагол,кој означува –“ВРШАМ СОДОМИЈА.”.

- Б.Примов заклучува ,дека сите наведени зборови што навлегле и во унгарскиот јазик а некои се зачувани и денеска, ВОДАТ ПОТЕКЛО ОД ИМЕТО –“Б`ЛГАРИН”.

Во Францускиот јазик други значења на поимот “Б`ЛГАРИН

Друг учен Бугарин- Ј.Иванов во неговото – “Богомилските книги и легенди”, Софија, 1925 и 1970.


Јордан Иванов

БАН ,41, пишува:

"Од тоа време во Францускиот јазик се до денеска останале зборови и изрази кои доаѓаат од името – Б`лгарин “BUGRE” а се употребувани со доста различно значење. Негативните значења доаѓаат од непријатното чувство, со кое католиците некогаш гледале на бугарските еретици..”

"Тие биле употребувани и во смисла на – РАЗВРАТ, СОДОМИЈА, ПЕДЕРАСТИЈА, како зборот –“BOUGERON” ( ж. р.) .Понатаму продолжува со формите на овој збор во францускиот јазик...

-“bougre” - Проклетник, обесник, изопачен, лошак..

-“bougre de bougre” - Истото само во позасилена форма

- “bougre de cochon” - ужасна свиња

- “bougre d,idiot” - страшен глупак

- “bougre de salaud”- расипан

- “bougre de vache” - ужасна крава

- “ra bougrir” - се изродувам (одродник),расипувам, не виреам..и.т.н



Во Италијанскиот јазик пак Ј. Иванов ги наведува формите:

- “buzzerone” (и др. форми - буцероне, бугер, бугерио, Болгира, болгера)

Значењето им е - педераст, содомит, развратник, настаран, еретик и сл. понижувачки форми

Но и во другите извори, хроники и летописи ,стари и нови секаде под поимот Б`лгарин се подразбира истото :

- “Вулгарин“ - во новелата од 1181 г.која ја наведува Е.Голдман во Ann.inst,Phil.et.Hist.Or.et.Slav.s,1937, 399, подразбира - простак, грубијан (Варварин) – што е и кај Д.Ангелов .

- К.Ирачек во – “Историја на Блгарите”, Софија,1929 г. 385-386, вели дека граѓаните за простите, необразовани провинцијалци (селани) секогаш го употребувале називот –“Булгари”, со обврзителното додавање – дебелоглавец, недоделкани, пенушки и др. погрдни зборови.

- И денес во некои Европски држави ова пежоративно значење е просто исто. Друг учен Бугарин Х.Стојчев во делото за –“Бугрите”, наведува дека поимите –“БУЛГАРИ”, “БУГАРИ”,”БУЦЕРОНЕ” и сл. - означувале – РАЗВРАТНИК, НАСТРАН, ЕРЕТИК, ЛОШАК и сл.

Во ова смисла Французите своите Оверијанци кои ги сметаат за “Бугари” во погрдна смисла (Бугри, најразвиено еретсво?!) и особено развратната и настрана форма за нив - ПЕДЕРАСТИЈА.Стојчев за ова вели:

"Французите ги нарекуваат со името Бугр, Бугри, луѓето кои не им се допаѓаат. И денеска не е реткост да чуеме во Франција како говорат дека - Еден Оверијанец не е ниту маж ниту жена... Бидејќи еден Оверијанец за Французите е секогаш - Бугр,,природно е дека тоа ги засегнува и денешните Бугари (зашто на Француски овој збор има) навредливо значење."

Бугарските "научни" методи поимот “ Бугарин” го доведуваaт во генеричка врска не само со Старо-Бугарското,туку со се она што воопшто се појавило било кога под тоа име (?!). Овој пристап, Бугарите ги води во дупката што им ја копаат на Македонците.

Прво - Ќе мора тогаш не само Македонија но и териториите на Волгоградските Цигани - Бугари, Гагаузите, Геџалите, Татарите во Русија-Бугари, а со малку добра воља за - Бугарска земја ќе може да се прогласи и цела Западна Европа (но и во Јужна Америка). ЗОШТО?!:

- Затоа што низ целиот XII и XIII век ширум Европа на големите клади - гореа "Булгари", "Бугри”, “Бугреси”, ”Бугриши”, ”Буцерони.." и се што наведува под овој поим бугарскиот историчар Хр.Стојчев во делото "Бугрите - стари блгарски иселеници в Франција" 1927 год. но и другите како Б.Примов во неговото - "Бугарите", Софија, 1970 ,306.

Овие историчари, овие поими ги прават етнички иако се тематски по темата – “Вулгарија” кај Византијците од каде се појавиле ересните учења и се ширеле низ Европа. Мешањето поими гонето од алчности за туѓи истории ги води Бугарите до катастрофални последици по својата наука.

Второ - Кога на големата клада во Монт Вивер (Франција), во присуство на Наварскиот крал, бароните од Шампан и епископите, на 13 мај 1239 год., како што известува монахот Албрехт од Францускиот манастир “Три извора” во својата хроника,не гореле етнички Бугари но Французи-еретици.

- Инквизиторот Роберт Бугр, жестоко ги гонел - Бугрите, но еретици а не вистинските Бугари. По бугарската ука и логика може да заклучиме дека и тој е Бугарин, презимето му е- Бугр, што е доволно, да се прогласи за таков?!


Според бугарската фактичност и Русите ќе треба да ги сметаме за Бугари бидејќи така ги нарекувал и  Наполеон

- Х. Стоичев во истименото дело, ќе го спомне и случајот со Наполеон Бонапарта кога ги нарекол Русите со тоа –“ Бугри” пред битката кај Аустерлиц, а по средбата со пратеникот на Рускиот цар, Долгоруков на 31 ноември 1805 г. Дали се сега и тие Бугари?!

Трето - Според бугарската историографија сите спомнувања, многу често и погрешни, а се со ова име за неа се судбоносен момент, дека тоа се тие - Бугарите. А.Тодоров-Балан во неговото "Eдна македонска теорија”, кн.9-10, Софија,1905, 818, наведува дека и во XIX век балканските народи, рускиот цар го нарекувале – “бугарски цар”, а српскиот и рускиот јазик за – “бугарски”. И еве и на грешките може да се радуваат Бугарите и земаат здраво за готово, кога ја браат Бугарија таму каде што не е!

А.Јовановиќ - Коџа во своето "Постанак егзархије,Турска, Русија и Србија” (Историско-политичка расправа, Скопје, 1936 г., 55-56), за Босанците пак вели дека се - Бугари.

Четврто - За бугарска земја со ваквите методи, денес може да се прогласи и огромниот простор во базенот на реката Парана, во Јужна Америка, каде домородното население се нарекува - Бугрес (од Шпанските доселеници и Португалците). Бидејќи и Ив.Шишманов вели дека ова име Шпанците го позајмиле од Французите за да ги исмеат дивјаштвото и простатилокот (Ив.Шишманов - Критичен поглед на впроса за произхода на праблгарите от езиковото гледиште и етимолгиите на името - Блгарин. Сборник НУНК, кн.16-17,софија 1900, 715-716)


За „бугарска“ земја со малку добра воља и бугарска логика ќе треба да се прогласи и областа околу реката Парана во Јужна Америка