Историјат на српската пропаганда во Македонија

1845 год. – Кнежеството Србија, упатува тајни агенти во македонија н аисто така “тајна дејност”.


Овие агенти се капуќехајата - ЛАЗАР ТОДОРОВИЌ и СТЕФАН ВЕРКОВИ, со навидум културно-


Стеван Верковиќ - првиот српски таен агент во Македонија
црковна мисија, но всушност во чисто проучување на теренот за потребите на српската пропаганда како и делување од нејзини позиции среде македонскиот народ.

- 1867 год. – Илија Гарашанин, тајно испраќа обучени воени лица од областа на воената топографија и тактика. Нивната мисија е да го истражат целосно рељефот и особеностите на Вардарскат долина и нејзината околина.


При ова се разликуваат две фази во делувањето на српската пропаганда во Македонија.

- I фаза од оваа политичка активност има „просветителски карактер“ во рамките на тогаш актуелниот „пан-Славизам“ како преродбенички бран заплиснат од Русија и кој се шири кон сите Балкански народи.
- Со овој вид пропаганда и Бугарите ќе се користат во Македонија, се со цел да се одземе што повеќе од македонскиот народ за својата национална кауза.
- Ова и кај двете пропаганди првично ќе има некаков одзив пред се заради незадоволството на македонскиот народ од грчката фанариотска асимилаторска политика, а српската и бугарската како “Словенски” им се правеа за поблиски. Се разбира оти и во тоа време и двете пропаганди настапуваа ненаметливо со својата национална исклучителност.


Многубројни извештаи и писма од тајниот агент во Македонија

Оваа I и ваква фаза траеше до Берлинскиот конгрес – 1878 год. , зашто по војните кои ги водеше Србија веќе како самостојна сила со Турција (1876-1878 год.) и се зголемија апетитите кон југ. Србија увиде дека ако сака да се шири а можеше само низ војни, недоволно и се Србите во


Илија Гарашанин главниот стратег на српската пропаганда во Македонија
малата Србија. И да ги нема (а ги нема) мораше да пронајде други “Срби”, а југот беше полн со “христијани”, желни за борба со Турците.

- Пред склучувањето на мирот со Турција во 1877 год. , Српската влада испрати свои делегати во Русија и нејзиниот Главен штаб со карта на Србија - “...до реката Бистрица и нејзиното устие во Егејско море, апотоа приморјето со Солун, до устието на рекат Струма...“ (Јован Ристиќ – “Дипломатска историја Србије за време српских ратова за ослобаѓање и независност 1875 – 1878 год.”, друга књ., Београд, 1898 год., стр. 113).

- Овие територијални барања ( и во тие граници ) во 1898 год. ги формулира и д-р Милован Миловановиќ (подоцна Министер за надворешни работи на Србија ) во својата книга “Срби и Бугари” (Београд, 1898 год.)

- II фаза во делување на српската пропаганда во Македонија е значи од Берлинскиот конгрес. Оваа фаза не повеќе само обична културно-црковна или просветителска, туку далеку пожестока и со јасна цел – асимилација и посрбување на Македонците и Македонија заради што нема да се жалат средства ниту методи.

- Зошто е тоа така или што драстично друго се случи та Србија зазеде ваков став по Берлинскиот конгрес. Прво со овој конгрес Босна и Херцеговина и се додели на Австро-Унгарија, а Србите токму Босна ја гледаа како своја и свој сигурен излез на Јадранот.


Берлинкиот договор и новата поделба на Балканот

- Сега тоа дефинитивно отпадна, патот и го попречи не било кој но Австро-Унгарија силната и вековна монархија која ја кроеше политиката и картата на Европа заедно со уште 2-3 други сили. Србија почна да гледа трескавично кон Солун и Егејот.

- Уште повеќе сега не беше сама, од истокот се раѓаше нова грабливка – Бугарија ,конкурентка испилена директно од пазувите на друга велика монархија – Русија. Со непосредната близина до Русија токму на Бугарија и беа шансите поголеми да фтаса попрвин до Солун и Егејот, уште повеќе што речиси целата управа и влада беа составени од руски функционери и администратори.