СРПСКATA ПРОПАГАНДA во Македонија

Српската пропаганда во Македонија е присутна речиси од самото осамостојување на кнежеството Србија, па до денес.


Различни и се само методите и приодите во зависност од режимите кои се менувале, но таа е активна.

Денес заради околностите во кои и самите Срби се приклештени на светската сцена со постојаните притисоци, војни и отстапки кои ги поведоа и добија од својата великосрпска политика, тие не се толку во состојба да парираат на другите, но пак се тука.

Доказ се не толу одамнешните случувања со наводниот проблем на црковното признавање и нивниот “Тројански коњ” за влез во Македонскиот етнички простор, со кого имаа постојана врска. Таа се огледаше низ писмата и финансиските средства исплаќани дирекно од соодветното Министерство на Србија а на сметка на нивниот (ш)пион во Македонија.


Со пари од сропското соодветно министерство печатени „световни“ календарчиња


Насловната од еден таков календар

И не само тоа, мудролиите со чествувањата на Илиндин кај ман. “Св. Прохор Пчињски” и префрлањето надлежности од српска Влада на српска Црква и обратно, додека не дојде самиот ден кога понижени, наивно заклучуваме дека пак ништо од славењето, од пред затворените порти.