Македонистика, јазик и култура

Во летната школа за странски македонисти досега учествувале повеќе од 3000 учесници од повеќе од 45 земји.


Охридскиот семинар испраќа секоја година по 12 лектори по македонски јазик ширум странските Универзитети а на 20-тина други Универзитети каде се изучува македонскиот јазик настават ја изведуваат странци-македонисти редовни учесници на Меѓународниот семинар

- 2006 год – во Индијана САД, отворен е Лекторат на македонски јазик, со меѓууниверзитетски договор и без државна помош. Барања за вакви лекторати има и од универзитетските центри во мадрид за Шпанија, Словачка, Украина, од Ријека за Хрватска и. др. но заради недоволните финансии уште е на подговтително ниво реализацијата на истото.

- 13 август 2007 год – 40-ти Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Учествуваа повеќе од 100 Македонисти од ширум светот. Вкупно 60 признанија и благодарници се доделени на истакнати македонисти на 40 Семинар по македонистика во Охрид а Претседателот додели и ордени како на Рина Усикова од Москва. Покрај неа наградени се и др. позначајни македонисти од кои дел се – Влоѓимјеж Пјанка, Иван Доровски, Форас Ланд, Виктор Фридман, Нуло Миниси и др. Форас Ланд не беше учесник заради здравствени причини но и возраста- сега има 90 години, сепак беше награден за децениите посветени на македонистиката.

- Меѓу повидните редовни учесници е и доајенот на славистиката, кој е голем љубител и на македонистиката, а тоа е Професорот на Универзитетот во Чикаго Виктор Фридман. Тој истакнува дека во северна Америка е се поголем интересот за македонистиката и дека истата се изучува веќе на неколку познати Универзитети во САД.

- И професорката на Московскиот Универзитет Рина Усикова истакнува дека иако во Источноевропските универзитети како да е во тренд англискиот јазик а во опаќање славистиката, сепак интересно е што македонистиката не замира но напротив вледее виден интерес за што сведочат катедрите во Москва, Санкт Петрбург и др. руски градови.

- Лектори по македонски јазик на семинарот во Охрид испраќаат и др. Универзитети каде постојат лектори по македонски јазик како Универзитетите во Блумингтон, Будимпешта, Брно, Истанбул, Крајова, Краков, Москва, Неапол, Париз, Прага, Сосновјец и Тирана.

- Македонскиот јазик денес се изучува на триесетина Универзитети ширум светот и се поголем интерес за изучување и на други .Тој ќе си најде начин како што наоѓал во минатото да дојде до љубителите од овие Универзитети. Така на Роберт Цет од Швајцарија македонскиот јазик му го открил професорот Рајтер Норберт од Берлин, учел кај професорот Олеш во Келн, потоа кај Макс Фаснер и Валентин Кипарски.

Академикот Нуло Миниси, од Италија, инаку светски модерен лингвист, во врска со контактите со Блаже Конески истакнува:

„Лингвистите треба да научат, дека јазикот треба да се сфати со интуиција која не е онаа на лингвист, туку на поет, на уметник, на вреден човек, бидејќи Конески бил поет, но и многу вреден. Да ја напишел македонската граматика некој друг место тој ќе немавме една македонска граматика, ќе имавме една сосема спротивна граматика, според некои теории од генералната и деформирана реторика, според шеми од латинската или француската граматика, но Конески со интуиција на уметник и интелигенција на лингвист знаел да му го даде на македонскиот јазик неговиот вистински изглед!“

Посебно е интересно зближувањето на германскиот славист Манфред Јенихен кој нагласува:
„Запознав во светот многу значајни личности, научници, професори, уметници, но никогаш не најдов еден човек кој би бил толку генијален, а толку скромен, како Конески.“ Постои се поголем интерес за изучување и на други .