Личности од II Светска војна и Македонија

Личности кои влијаеле на судбината и текот на историјата на Македонија и македонскиот народ од Втората светска војна наваму.


АЛЕКСАНДЕР ЛЕР (Lor Alexandear ; 1885 – 1947 год.), Генерал – полковник во Германската војска чиј офицер е од 1938 год. зашто е Австриец по род па и првично австриски офицер.

- Како командант на 4. Воздухопловна армија, војувал во Полска, кралска Југославија и СССР. Органзиатор е на воздушниот напад на Белград на 6 април 1941 год. а од август 1942 год. е команфант на 12 армија и трупите на Југоисток.

- Од јануари 1943 год. е командант на Групата армии “Е” и како таков ја организира т.н.р IV и V офанзива а од летото истата година со своите армии му е потчинет на Фелдмаршалот фон Вајкс.

- Од септември 1944 год. забрзано почнува подготовки за извлекување на бројните трупи од групата армии “Е” под негова команда, стационирани во Грција.

- Извлекувањето требало да биде низ Македонија и Вардарска долина по која врват железничко колските сообраќајници па кон Моравската долина, Срем ,Хрватска и Австрија. Македонските ослободителни единици имаат директива да го отежнуваат извлекувањето на оваа огромна машинерија од трупи, техники, плен, муниции, ранети и сл., од ГШ на НОВ ПОЈ а тој пак од Англискиот ГШ.

- Иако Лер со тешкотии успева да ги довлече некако до Хрватска овие трупи претходно организирајќи им отстапница со утврдени позиции за одбрана на Сремско-босанскиот фронт, тој не успева да ги спаси од заробување пред самиот излез од тогашна Југославија.

- Самиот е заробен заеднос о бројните свои офицери во мај 1945 год., потоа осуден и стрелан во 1947 год.

ГЕОРГИ ДИМИТРОВ ( 1882 – 1949 год.), Бугарски револуционер, политичар и државник и еден од лидерите на меѓународното работничко движење.Член на СДП на Бугарија е од 1902 год. а од 1906 год. е секретар на Националниот синдикален сојуз на Бугарија и раководи со многу работнички митинзи и акции.
- Член е на ЦК СДП ( тесни социјалисти ) од 1909 год. и противник на Бугарската грабачка политика во I Светска војна кон македонскиот народ и Македонија
- Но тој е и еден од организаторите на септемвриското востание од 1923 год., во кое особено настрада македонскиот народ од Пиринско кој најнаивно се крена на востание додека останатото работништво на Бугарија во чиј состав беше Пиринска , не се одзва на повикот. Македонскиот народ во ова ја гледаше шансата за конечно отцепување од Бугарија каде насила беше анектиран со се неговите територии.
- Георги Димитров по ова долго е во емиграција каде работи како член на Извршниот комитет на Комунистичката Интернационала и Балканската Комунистичка Федерација ( БКФ).
- 1933 год. во Лајпцинг, Германија е затворен а по успешната одбрана во познатиот судски процес е протеран во СССР во наредната 1934 год.
- 1935 – 1943 год. ,Димитров е Генерален секретар на КИ. По ова е организатор на Отечествениот фронт на Бугарија.
- 1945 – 1948 год., Димитров е Претседател на владата и генерален секретар на КПБ. Умира во 1949 год. во мистериозни околности.