МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

30.VIII.1944 год. – Претседателот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто упатува Депеша до Претседателот на НКОЈ, Тито со барање да се реагира по повод  разговорите на Југословенската кралска влада во избеглиштво во Лондон со Бугарија за склучување примирје.


Ченто особено реагира дека тоа не може никој да го прави зад грбот на македонскиот народ кому пак двата преговарачи му кроеле некави нови граници.

Ченто особено е лут затоа што ова го дознава во соопштението од Радио Лондон па бара појаснување од Тито за кого знае дека е во постојани преговори со Черчил и избегличката влада со Д-р Шубашиќ. Овој потег на искусниот Ченто е уште појасен знаејќи на какви се заткулисни игри во минатото македонскиот народ е само страдален елемент.
- Уште наредната ден од Вис каде е стациониран Тито во тоа време , стасува повратен одговор во кој стои :

“До Главниот штаб на НОВ и ПОМ - 01. септември 1944 год. ( Вис)

Југословенската влада во Лондон нема првао без наше учество да води некакви преговори за границите. Ние не знаеме ништо на што се однесува соопштението од 29 август.“ ( А – VII к 26 рег.бр. 8 – 2/12)


- Според спогодбата на Вис Тито – Шубашиќ од 16 јуни 1944 год. НКОЈ и Кралската влада на Југославија се во взаемна обврска да ги решаваат спогодбено сите надворешно-политички проблеми, па во врска со тоа, таков став заземал и тито кон депешата на Ченто и АСНОМ