Поим и дефинирање на војната

“Војната е камелеон” – Клаузевиц
“Војната е спор во кој се употребува оружје“- Цицерон


 “Војната не е спор, туку положба на оние што се борат со оружје и тоа положба што ја одбележуваат строго определени моменти во времето што ја издвојуваат воената од мирновремената состојба “- Хуго Гроциус- основач на Меѓународното право

  “Војната е судир на организирани однесувања, тест на сила помеѓу ‘екипи ‘ од кои секоја сака да превладее над другата, умножувајќи ја со дисциплина силата на секој борец “ – Raymond Aron. Paix et Guerre entre les nations. Calman – Levy, 1962 str. 349

 “Војната е правна ситуација која подеденакво им дозволува на две или повеќе непријателски групи да учествуваат во еден конфликт со употреба на сила“- Quincy Wrigtt. The Study of War 1. Chicago University Press 1942. str. 8 – 9

 “Војната е решавање на историски спротивности кои се заостриле во толкава мера да не постои друго средство за израмнување “- Меринг

 
Порив за конфликт

Кај животните насилството е мотивирано од поривот за храна, територија, секс  или доминација. Иако имаат средства за одбрана животните почесто го користат – бегството. Но дури и кај животните тоа е во зависност од општествената организираност. Така пчелите и мравките се бранат кога се нападнати – организирано, имаат специјализирани членови или касти што ги бранат кога се нападнати.

 Р`бетниците од сите класи - риби, амфибии, рептили, птици, цицачи се тепаат меѓу себе. Човекот е исто така во оваа категорија или поконкретно кај приматите. Тој е борбен – мал импулс е доволен за агресија. Склоноста кон агресија кај човекот зависи од полот, возраста но и самат индивидуа.