Македонија и најбезумната крстоносна војна

Бројни крстоносни војски ќе протатнат низ тлото на Македонија притоа воведувајќи самите некаков нивни ред на правила.


Поробувајќи ја Македонија тие ќе формираат бројни државни творби на нејзиното тло како Епирското деспотство и Солунското Кралство ( другите две Никејското царство и Латинското царство ).

 Тие ќе убиваат наводни и докажани грешници, катарени и богомили крај Битолските села но и на други места, ќе наплаќаат даноци, ќе пљачкаат и ќе регрутираат младеж за своите војски, безмилосно убиваат со крстот на градите а во име на крстот !

Но и по себе самите се опасност. Најбезумната војна на патот кон Ерусалим е т.н.р - “Детска војна” од 1212 год. во времето на папата Инокентиј III. Чудната војска со дух на инквизитори на чие чело е Шпанецот Доминик Гузман наречена подоцна “Божји пси” (Domini canes), особено ќе настрада при втората година од војната за ослободување на Христовиот гроб.

Во оваа најбезумна заблуда е накрената и безбројна Христијанска малолетна младина која ќе ја плати со своите животи. Така дури 15 000 малолетници од нив ќе бидат исечени од исламски сабји а во име на христијанските заблуди, заради и што ќе го добие називот - “Детска војна”.