Кошула за вардење од уроци

“Синдон” е името на кошулата која во средновековието низ Македонија обврзително ја носеле доилките, зашто како што верувале ги вардела од уроци и лоши магии. Тоа била посебно изработена кошула од многу тенко платно и се носела под останата облека.


Особено масовно е носена во периодот од X – XII век, но и подоцна посебно при масовни умирачки, болести и сл. напаствија.

И денес е задржано ова верување особено по некои планински и рурални средини, кои како заштита од уроци, носат под облеката некакви кошули кои предходно орестојувале во црква или биле кај некоја бајачка за “рушење” магии.