Патот на револуционерот

Многу современици на револуционерите својот живот го доодувале како тлеење, како помиреност со сите силници и насилства.


Прва и задна мисла им бил животецот сеедно што е мизерен, да продолжи ден за ден што повеќе, а не се ретки и такви кои своето такво животаркање го окончувале во згрешена улица.

- Сосем не е доста еднаш да се одбере патот на револуционерот, па тој пат и навистина да се дооди како таков. Револуционери се објавувале и оние што премалувале и губејќи сили низ свијоците на револуцијата, се откажувале со време од неа.

- Затоа треба да се внимава кога за една личност се вади нешто, кој е периодот и околностите, нешта кои туѓите пропаганди милуваат да ги злоупотребуваат, користејќи само она што во даден миг личноста евентуално го (недо)рекла (направила) а е корисно за пропагандната им потреба .

- Кај преродбениците има повеќе вакви мигови зашто едноставно се првите кои си ги бараат националните белези. Кај Бугарите преродбеникот Априлов (како и други) долго се декларира за – “Грк”, кај Хрватите и Словенците силно движење се нарече – “Илирско” - убедени дека се “Илири”, кај Швеѓаните- “Галско” движење и.т. н., заклучно со Македонците кои не се исклучок од ова и нормално е да имаат влијанија соодветни движења и појави. Но тие се претходници и услов за појавата и изграденоста на револуционерот.

- Судбината на револуционерот е и неговата немоќ да влијае на паметењето што ќе го зачуваат револуцијата и татковината за него. Времето, и тоа она идното со камено и студено срце со строго размислување за сите ни самоизмами, ете тоа време му е неумитен судија на револуционерот. Пред тоа идно време единственото нешто што го легитимира не е ниту силата што се имала ниту големината на територијата која се крстарела, туку вистинското дело како целосен чин на револуционерот.