Границите и револуционерот

И подрастично, дури има револуционери од туѓи народи кои се посветиле во делото на македонскиот народ водени од слободарски емоции за најнапатениот народ на Европа.


Во македонската револуција има Руси, Чеси, Полјаци, Словенци, Босанци, Евреи, но и Срби, Бугари, Грци, Албанци како што има многу Македонци во револуциите на Србија, Бугарија, Грција, Романија и др.

- Впрочем и современата “икона - револуционер” на Кубанската револуција Че Гевара, воопшто и не е Кубанец (но е Аргентинец), а се бореше и во други револуции каде и го положи животот. Ако тргенеме по патот на најзначајните историски револуционери ќе видеме уште подрастични примери – во чии се револуции се бореше Гарибалди, ќе треба сите тие народи од Европа до Венецуела Италијаните денес да си ги присвојуваат ако се оди според логиката на некои пропагандни блувотини за нас.

- Така Бугарската пропаганда ни вади бугарски карактер оти во македонската револуција има и Бугари како Паница, Чернопеев и др., бегајќи да се соочат со вистината дека овие се бореле за интересите на македонскиот народ а против пропагандите, сплетките и империјалистички амбиции на Бугарите. И не случајно затоа токму Бугарија и ги ликвидира.

- Ако тоа го прават со вакви личности ,што да се каже со помалку зна(ча)јните за кои уште полесно е да се инсинуира. Ако тргнеме со бугарска логика и нив ги ослободуваа Иљо Малешевски ,Никола Македонски и мн. др. Македонци кои се бореа во Српската, Бугарската но и во Романската револуција, па кој знае што ќе остане од овие народи, зашто сите ќе треба да си ги прогласиме за “македонски”. Но тоа се нивни пропагандни потреби а мотивите и потребите на револуционерот се нешто друго, тие се водени од самото време, околностите и историските мигови.