Македонија и културите на Европа

Историската алтернатива на Европа со националните култури не можела напросто да се нарече:


“континентален културен простор на Европа“, туку почнувајќи од Римското територијално ширење некаде од I век п.н.е, се состоела од регионализацијана големи површини.

Едната регија ја сочинува македонско-римската култура а другата подрачјето северно од границицата на продор на културите. Понатамошната историја пак разликува три историски регии на Европа – западна, средна и источна Европа.

Но со ширењето на запад по пропаста на Византија кон новиот континент Америка, Западна Европа ги впива Скандинавија и Средоземна Европа а истокот на Европа ја впива Русија која пак се шири кон Сибир. Со ова сега Европските три дела добиваат нови и поутврдени територии.

При ова средна Европа веќе се оцртува преку земјите од Полска, Унгарија, Чешка, и се до југоисток на земјите под Османлиите – Босна, Србија, Романија,Македонија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Грција завршно со Тракија.

За културните разлики не се мисли како за апсолутни но се истражуваат мноштвото културни обележја од феудалните односи преку градските култури до политичките устројства кои и ги концепцираат трите културни регии.

Имињата нивни водат почеток од различни периоди. Така името “ Окцидент“ /Abendland/ Запад се појавува пред 1000 години и одразува поделба на нкогашното Римско царство. Тоа служи за раграничување кон Византија. Средновековното име “ Europa occidentalis “ (Западна Европа) веќе во XIX век вклучува и земји од источниот простор од Балтикот до Јадранот; тука спаѓала и “ Europa septentrionalis “,северна Европа, т.е Скандинавија.

Но до создавањето на поимот “ источна средна Европа “, кој треба да означува една од трите регии, доаѓа од едно сосем скорашно согласие ( според Сич) . “Источна средна Европа“ упатува на историска наука која конструира, која со успоредување на културните обележја ја дели Европа