Св. Маченик Нестор

Нестор беше Македонец од Солун – Македонија. Уште како момче ги виде страдањата на Св.Димитриј и од него научи за Христос.


Во тоа време во Солун имаше некој гладијатор Лиј, миленик на царот Максимилијан, кој секој ден повикуваше некого на мегдан и откога ќе го победеше во борење, го прободуваше на копја. Не можејќи да го гледа тоа повеќе Нестор го предизвика Лиј и откога јавно го повика на помош Богот на Димитриј, го победи Лија. Уште и Лиј заврши на истите копја на кои секојдневно прободуваше толку многу други луѓе. Царот з аова толку многу се налути што нареди на Нестор да му се отсече главата, а Димитриј да го избодатс о копја. Св. Нестор пострада, заедно со Св. Димитриј, во 306 година.