Дебарцо ти си борбена
Дебарцо ти си борбена
Дебарца солзи пророна
за своите славни херои
Сатеска жално пробучи
цела со крв се обои.

Дебарцо ти си борбена
од Ботун се до Пресека.

За тебе песни ти пеам
во тебе мирно живеам
во село славно Сливово
братство единство изгради.

Дебарцо ти си борбена
од Ботун се до Пресека.

Кога херои гинеа
на твоите деца мислеа,
дали ќе светне слобода
во тебе мирно да живеат.

Дебарцо ти си борбена
од Ботун се до Пресека.

Славеј Планина запеа
партизански песни херојски
сонцето кога изгрева
пред него вие стоите.

Дебарцо ти си борбена
од Ботун се до Пресека.