Ваташа
Ваташа
Ми заплакало селото, селото Ваташа
тринаесет роса младинци носат
Мокришко горе, в долови.

Целото село станало, станало на нога
дајте ги вамо нашите деца
еј Вие клети крвници.

Џелати клети не слуша, не слуша народот
митралез оган фрлија поган.
в градите машки младински
по тија млади полиња родни
ридишта голи Тиквешки.

Тогај се народ подигна, подигна младно
и тргна смело да запре семе
фашистичко клето за навек.